Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вработените во јавниот сектор од септември ќе земаат повисоки плати
Економија

Вработените во јавниот сектор од септември ќе земаат повисоки плати

18/07/2023

AA

Вработените во јавниот сектор ќе земаат повисоки плати. Потпишан e Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор и тоа е системско решение кое гарантира постојан раст на платите. 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов официјално го потпишаа Општиот колективен договор за вработените во јавен сектор. Потпишувањето на Општиот колективен договор беше единствена точка на денешната 12 седница на Економско-социјалниот совет. 

Премиерот  Димитар Ковачевски истакна дека Владата успеа во она што беше недостижно досега, успеа да сврти нова страница на историјата и за прв пат по 15 години на иста маса со синдикатите и со сите засегнати, заеднички најде одржливо решение за платите во јавниот сектор.

 
„Денеска, овде во просториите на Владата треба да се потпише нов Општ Колективен договор кој е резултат на успешните преговори и нашиот отворен дијалог со синдикатите, со којшто се внесува системско решение за платите во јавниот сектор, решение коешто гарантира раст на платите. Заеднички со синдикатите дојдовме до прифатливо решение кое нема да зависи од волјата и желбата на ниедна политичка партија и сега и во иднина!“, истакна Ковачевски.

Тој вели и дека вработените во разни агенции, фондови, во општините, училиштата, градинките и сите други вработени во институциите од јавниот сектор, од септември, оваа година, ќе добијат 10 отсто раст на постојните плати, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, којшто ќе биде исплатен до крај на годината.

„Утврдивме и нова Методологија на плата која ќе се спроведува од март 2025 година. Во новиот општ Колективен договор предвидовме исплата на минимум К-15 во износ од 30 отсто од просечната нето плата. Покажавме дека се грижиме за сите, се грижиме за нашите граѓани, нивниот труд треба да е соодветно вреднуван и ценет. Токму затоа обезбедивме решенија на долг рок, со коишто овозможивме континуиран раст на платите“, потенцираше Ковачевски.

Министерката Тренчевска на прес-конференцијата за медиумите посочи дека Општиот колективен договор кој се потпишува после 15 години претставува значаен чекор во насока на унапредување на работничките права и потврда дека за оваа Влада социјалниот дијалог е особено значаен. 

„Како Влада и како Министерство надлежно за прашањата во областа на трудот, дијалогот во општеството го подигнавме на повисоко ниво. Затоа што за значајните прашања треба да се разговара заедно и отворено. Заедно, низ дискусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензиите, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст, а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите на вработените во јавен сектор и не само тоа, туку и методологија која обезбедува постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права и вреднување на трудот на работникот“, истакна Тренчевска.

 
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи посочи дека повисоките плати во јавната администрација се клучни за подобрување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните и бизнис секторот, поттикнување на продуктивноста и иновативноста, намалување на корупцијата, промовирање на економскиот раст, привлекување професионалци и демонстрација на вредност и посветеност во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес. 

„Со обезбедување конкурентна плата, градиме силен и професионален јавен сектор кој ефикасно и ефективно ќе им служи на граѓаните и активно ќе учествува во создавањето на поволна деловна средина за одржлив економски раст и развој“, истакна Битиќи.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, го поздрави потпишувањето на овој Договор кој е резултат на подолг процес на преговори и консултации и претставува заеднички успех и на двете страни, кои имаа сериозен пристап во изнаоѓање на ова системско решение кое овозможува континуиран раст на платите и заштита на стандардот на вработените.

 
„Ова што денеска го потпишуваме и стартува веќе од септември со исплатата на платата во октомври, е продолжение на оној раст на платите што се случува во изминатите пет години. Покрај растот на платите во март и септември годинава, цела администрација имаше раст на платите во 2019 година. Во образование платите имаа раст во 2018, 2019, 2020, 2022 и 2023 година, во високото образование раст во 2021, 2022 и 2023 година. Зголемување од 20 отсто и 18 отсто имаа вработени во културата. Детската и социјална заштита по 10 отсто и 15 отсто во 2019 и 2022 година. Минатата година 15 отсто раст имаа платите на вработени во судството, вработените во здравство во три наврати добија зголемување на платите од 10, 25 и 5 отсто, а зголемување на платите имаше и Армијата, МВР,  во ИПА структурите и слично“, рече Бесими.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу изрази задоволство од потпишувањето на договорот кој е само почеток на заедничката работа за подобрување на работничките права.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45806
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те осомничени повеќе службени лица

25/09/2026

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на Левица и на некои медиуми

25/09/2026

„Целосна лага се информациите изнесени од страна на политичката партија Левица дека мене некој ми подарил било што во месноста

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН НА РЕЗУЛТАТИ Препораки од Мешовитиот

25/09/2026

Европската Унија ја потврдува поддршката за патот на Северна Македонија кон полноправно членство, но истовремено бара видлив напредок во владеењето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy