
Вработените од Министерство за финансии стравуваат дека ќе треба да враќаат дел од платите
Уставниот суд на вчерашната седница поведе постапка за преиспитување на уставноста на членот 66 став 3 од Законот за буџети, со кој се овозможи покачување за 30 отсто на платите на вработените во Министерството во финансии и органи на државна управа кои вршат работи поврзани со Буџетот. Затоа донесена е времена мерка до конечна одлука, што значи додека не се произнесе Судот конечно нема да земаат плата со 30 отсто.
Сега вработените од Министерството за финансии стравуваат дека ќе треба да го враќаат оној дел од зголемените плати, а лидерот на синдикалната организација УПОЗ, Трпе Деаноски, вели дека тие размислуваат за прелкин на работата.
Ова го потврди самиот УПОЗ, од каде испратиле допис до министерот за финансии Фатмир Бисими за нов колективен договор по теркот на оние каков што добија вработените од Царинската управа и Управата за јавни приходи.
Деаноски прашува зошто Уставниот суд е експедитивен со времени мерки само за работниците, а не и за функционерите кои добија зголемување на платите од 78 отсто. Според одлуката од Уставен суд, од слендиот месец вработените во МФ нема да го добиваат надополнувањето од 30 отсто
– Доколку не се потпишат колективен договор, постои опасност да се прекине работниот процес, изјави Деаноски за Телма, а за тоа дали 30-отстотниот дел од платите ќе треба да се враќаат, допрва ќе се види.
