Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Над 78 милиони денари поддршка за трите национални установи од културата во Штип
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Над 78 милиони денари поддршка за трите национални установи од културата во Штип

06/12/2023

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Штип, при работната посета на институциите од областа на културата заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, истакна дека градот под Исарот покажува успешно работење во културата и негувањето на автентичните културни вредности. Министерството за култура ќе продолжи да вложува во културата во Штип, да создава услови и поволна клима за нејзин развој.

– Владата и Министерството за култура се свесни дека културата нè дефинира како народ и го зајакнува нашето чувство за припадност. Културата е инвестиција во нашата потпора – рече министерката Костадиновска-Стојчевска, нагласувајќи дека Министерството за култура континуирано, секоја година, ја зголемува поддршката за проекти што се од национален и државен интерес.

– Во Штип годинава, за функционирањето на трите национални установи (Центар за култура, Завод и музеј и Универзитетска библиотека) се издвоени над 78 милиони денари, додека за програмските содржини се вложени повеќе од осум милиони денари – изјави министерката при посетата на Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека сите проекти што се предвидени во програмите на националните установи во Штип се реализираат тековно, а, како што рече, од огромна важност е што се реализираат проекти и инвестиции со сопствени средства, со што се демонстрира домаќинско работење и менаџерски однос во културата.

Во изјавата за медиумите, министерката за култура истакна дека Министерството за култура вложува во библиотечната дејност и за оваа установа годинава се обезбедени речиси 18 милиони денари, од кои над милион денари за програмски активости.

– Штипската библиотека прави големи напори за доближување на книгата до домот на секој корисник преку подвижната библиотека „Инфобус“ и преку активностите наменети за лицата со посебни потреби – истакна Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека библиотечната дејност во овој град успешно се унапредува преку многубројни проекти, како и преку настаните со кои се одбележа 100-годишнината од раѓањето на нашиот поетски великан, Ацо Шопов, кој е роден токму во Штип.

Костадиновска-Стојчевска потсети дека во последните три години над шест милиони денари се вложени во инвестиции во објектот на Центарот за култура во Штип, буџетски средства и сопствени приходи на институцијата.

− Сакам да напомнам дека градот Штип се гордее што токму овде функционира првата културна институција со сончева централа на покривот. Центарот за култура „Ацо Шопов“, преку проектот „Енергетски ХАБ“, покажа дека е вистински пример за успешно јавно-приватно партнерство. Резултатите од овој проект се помали сметки за струја, подобри услови при следењето и создавањето на културните настани и, секако, придонес за почиста и здрава животна средина во Штип. Ваквите иницијативи се за поздравување и треба да ги следат и другите установи од областа на културата − изјави Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека грижата за подобрување на условите за функционирање на нашите национални установи продолжува.

Министерката за култура го поздрави и успешното функционирање на првата регионална канцеларија „МладиХаб“ во Штип, која се наоѓа во објектот на Центарот за култура.

– Веруваме дека младите и нашите институции од областа на културата се силно фокусирани кон профилирање и градење на нивните творечки и уметнички капацитети – додаде таа.

Костадиновска-Стојчевска се осврна и на заштитата на нашето археолошко, архивско, архитектонско богатство градено со векови, за кое рече дека континуирано е поддржано од Министерството за култура.

– Вложуваме и во заштитата на културното наследство. Се грижиме за нашето антифашистичко културно наследство. Ветивме и го саниравме Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, искучително значајно дело од архитектот Богдан Богдановиќ, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век – рече Костадиновска-Стојчевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
Македонија

БРИСЕЛ СЕ ФОКУСИРА НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА

02/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ОД КУМАНОВО ОДИ ВО ШУТКА Судот му одреди

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45947
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија заслужува да биде со најнапредните

02/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразила благодарност за растечкиот

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС ЌЕ НЀ ДЕЛЕЛ Кој е

02/10/2026

Австрискиот економист и политички активист Гинтер Фелингер-Јан, кој пред една година предизвика скандал со повик Индија да се „растури“ на

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000 ЕВРА „Недопирливите“ од Прилеп продолжуваат

02/10/2026

Над 50.000 евра се пронајдени во банкарски сеф при дополнителен претрес во Прилеп, со што бројот на претресени локации во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy