Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски во Европскиот Парламент: Членството во ЕУ до 2030 е амбициозна, но остварлива цел
Македонија

Ковачевски во Европскиот Парламент: Членството во ЕУ до 2030 е амбициозна, но остварлива цел

06/12/2023

AA

Премиерот Ковачевски, денеска во рамки на работната посета на Брисел, се обрати во Европскиот Парламент пред групата на европратеници, членови на Прогресивната алијанса на Социјалисти и Демократи на дебата посветена на проширувањето на ЕУ.

На обраќањето присуствуваше и вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Премиерот Ковачевски во своето обраќање зборуваше за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ, политиките кои ги спроведува Владата и кои нудат солидарност, социјална правда и еднаквост, олицетворени преку мерките за поддршка во справувањето во услови на зголемени трошоци на живот, инвестициите во енергетиката, инфраструктурата и во другите области кои ги донесе Владата.

Ковачевски воедно говореше за посветеноста на Владата да ја придвижи земјата на вистинскиот европски пат.

„Членството во Европската Унија игра клучна улога во консолидирањето и унапредувањето на македонскиот идентитет. Слично како и другите европски нации, членството во ЕУ нуди трајна заштита на македонскиот идентитет и во европски и во глобални рамки. Скрининг процесот беше тежок државнички процес, но претставува најдобар механизам за спроведување реформи кои ќе придонесат за зајакнување на демократијата и создавање зрело општество со силни и ефикасни институции. Оценките кои ги добиваме од ЕК се одлични. Нашата подготвеност и транспонираност на европското законодавство е на завидно ниво“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека со поглавјата 30 и 31, Северна Македонија успешно го завршува скрининг процесот, а извештајот ќе биде патоказ за забрзување на трансформацијата на општеството што ќе биде единствено возможно преку процесот на преговори со ЕУ.

„Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но не и невозможна цел. Владата предводена од СДСМ има искрена и јасна намера успешно да го заврши процесот. Владата има јасен план и поставена цел кои се дополнителна движечка сила побрзо да чекориме во реформирањето на општеството. Процесот на членство во ЕУ е сложен, но бара континуитет, силна волја, затоа треба да го направиме тоа, не поради Европската Унија, туку поради нашите граѓани. Подготвени сме за овој предизвик и испит, а имаме и целосна поддршка од Европската комисија за забрзување на темпото на пристапните преговори. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Вашето присуство кај нас и оддавање почит на нашата земја и народ е јасна порака дека имаме пријатели и сојузници во ЕУ и дека Северна Македонија ја гледате како идна земја членка на Унијата“, рече премиерот.

Европарламентарците од неколку земји членки на ЕУ, упатија позитивни коментари за европскиот напредок на Северна Македонија. Според нив, Северна Македонија е успешен пример за мултикултурно општество како за регионот, така и за Европа, и со тоа на свој начин допринесува во забрзувањето на процесот на интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија. Европратениците констатираа дека во изминативе неколку години, земјата посветено работеше на реформи во социјалната, економската и сферата на владеењето на правото и ја истакнаа силната поддршка на европратениците Социјалисти и Демократи во Европскиот парламент на тој пат.

Ковачевски во своето излагање ја истакна и важноста на Планот за раст, кој Северна Македонија мора да го искористи, бидејќи преку него ќе се поттикне економски напредок, отворање на нови работните места, подобрување на животниот стандард на граѓаните и ќе се отворат можности за нашите компании за пристап до делови од единствениот пазар на ЕУ дури и пред приклучувањето во Унијата.

„Со членството во ЕУ, Северна Македонија ќе има можност да добие пристап до важни делови од единствениот европски пазар, оваа прилика мораме да ја искористиме, а за тоа имаме и целосна поддршка од ЕУ. Нашата социјалдемократска политика нуди пат на напредок, со крајна цел е членство во ЕУ, бидејќи Северна Македoнија таму припаѓа. Северна Македонија треба да е дел од заедницата на вредности“, изјави Ковачевски.

Претседателот на Владата Ковачевски се заблагодари на европратениците од групата на Прогресивната алијанса на Социјалисти и Демократи за поддршката на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и порача дека нивните колеги, пратениците во Собранието на Северна Македонија се исправени пред голем предизвик и постигнувањето на заедничките национални и општествени цели мора да го стават пред политичките и идеолошките разлики.

„Некои одлуки треба да ги донесеме поради сите граѓани на Северна Македонија, нивната иднина е пред сите политички и идеолошките разлики. Без разлика на партиската припадност пратениците се избрани од граѓаните, затоа мора да покажат конструктивност во име на граѓаните, мора да покажат единство за благосостојба на нашите граѓани и нашето општество. Пратениците во Северна Македонија добиваат мандат од граѓаните и работат согласно Устав, Закон и Деловник и носат одлуки кои што според Уставот, Деловникот и законот и тоа е улогата на секој пратеник, бидејќи граѓаните на денот на избори им го предаваат тоа право, обврска и одговорност на пратениците. И се што е во рамки на Уставот, на Законот и Деловникот тоа пратениците го работат. Така било, така е и така ќе биде и во иднина“, рече Ковачевски.

Премиерот рече дека СДСМ како владејачка партија во Северна Македонија во изминативе 7 години ја врати социјалната правда и рамномерна распределба на буџетските средства со цел намалување на социјалната нееднаквост.

„И во време на најголема здравствена економска и енергетска криза клучни приоритети ни беа социјалната заштита, подобрување на економскиот и општествениот стандард. Преку нашите социјалдемократските политики ги вративме граѓанските права и демократијата, со што овозможивме транспарентни и отворени државни институции и еднакви права и можности во нашето општество. Граѓаните во нашата држава се свесни за позитивното влијание на овие политики, бидејќи директно и позитивно влијаат врз нивните животи. Во овие турбулентни времиња, владата им даде поддршка на компаниите, земјоделците и ранливите групи, обезбедувајќи ја нивната издржливост и овозможувајќи им да ги надминат предизвиците што се на располагање. Веќе 7 години не само македонското општество, туку и меѓународната заедница ја вреднува нашата политика заснована на солидарност, хуманост и меѓусебното почитување, што всушност се основа Социјалдемократски вредности на кој што почива нашето делување, работење и функционирање како политички субјект во Република Северна Македонија“, рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе

27/06/2026
Македонија

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на

27/06/2026
Македонија

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност

27/06/2026
Македонија

Доаѓа топлотен бран во Македонија, какво време ќе имаме во

27/06/2026
Македонија

67 годишник од Тетово измамен за 3400 евра!

27/06/2026
Македонија

ФОТО Сообраќаен колапс: Се чека до 4 часа за влез

27/06/2026
Македонија

Пронајден маж во дом во Карпош

27/06/2026
Македонија

Ужас во Струмица: Се скарале околу децата, па ја начекала

27/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Вардариште полека заминува во историјата, на негово место ќе никне мега-парк

27/06/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека со интензивно темпо продолжуваат работите за затворање на депонијата Вардариште, која со децении

Муцунски на „Дубровник форум“: Серија билатерални средби за зајакнување на економијата, безбедноста и евроинтеграциите

27/06/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари серија значајни билатерални средби на маргините на годинешниот „Дубровник форум“.

Андоновски: Дигиталната трансформација веќе не е апстрактен концепт, туку реалност за граѓаните

27/06/2026

Дигиталната трансформација во Македонија веќе не е само теорија, туку испорачува конкретни резултати преку побрза администрација, електронски документи без чекање

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy