Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од „Сејф сити“ – шефовите ќе одговараат ако нема евиденција кој возел!
Македонија

Возачите на ЈСП сами ќе си ги плаќаат казните од „Сејф сити“ – шефовите ќе одговараат ако нема евиденција кој возел!

05/02/2026

AA

Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на другите јавни претпријатија во Скопје отсега лично ќе ги сносат трошоците за сторените сообраќајни прекршоци, најави денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Доколку, пак, не може да се утврди кој управувал со возилото во моментот на прекршокот, одговорноста ќе ја преземат шефовите на возниот парк.

Ѓорѓиевски појасни дека казните за поминување на црвено светло, пречекорување на дозволената брзина или други сообраќајни прекршоци повеќе нема да се плаќаат од сметките на јавните претпријатија, туку директно од одговорниот возач.

„Возилата нема да можат да стартуваат без идентификациска картичка од возачот, со што во секој момент точно ќе знаеме кој управува. Ако не може да се утврди возачот, одговорноста ќе ја сноси шефот на возниот парк“, изјави градоначалникот.

Како дел од мерките за зголемена контрола и отчетност, Град Скопје најави и инсталирање специјални мерачи за потрошувачка на гориво, како и ГПС-уреди во службените возила, со цел да се спречат, како што рече Ѓорѓиевски, долгогодишните злоупотреби и кражби на нафта во јавните претпријатија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy