Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Заканите за убиство на полицајци во Битола мора да добијат притвор
Македонија

ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Заканите за убиство на полицајци во Битола мора да добијат притвор

05/02/2026

AA

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска официјално поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица, Р.M. и Ф.М., поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Синдикатот бара итна реакција од правосудните органи и одредување мерка притвор за пријавените.

Според содржината на кривичната пријава, инцидентот се случил на 03.02.2026 година за време на протести во Битола. Пријавените, преку изјави во медиумите и на социјалните мрежи, упатиле директни закани дека ќе ги нападнат полицајците доколку тие се обидат да го спроведат законот и да им ги одземат возилата.

НСП во својот допис до Обвинителството потенцира дека очекуваат ист аршин на постапување како во случаите кога се гонат полициски службеници.

Синдикатот предлага лицата веднаш да бидат повикани како осомничени и за нив да се побара притвор за да не го повторат делото или да го извршат тешкото кривично дело кое го најавуваат.

Како доказ кон пријавата се доставени извадоци од видео материјалите со изјавите на лицата.

Од НСП порачуваат дека доколку Обвинителството не постапи во најкус рок, нивното непостапување „нема да остане незабележано“.

„Кривичното дело е сторено спрема службени лица во вршење на службата и спрема повеќе лица, со што е исполнето битието на делото ‘Загрозување на сигурноста’ согласно член 144 став 3 од КЗ на РСМ“, се наведува во пријавата потпишана од НСП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy