Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вонреден надзор во КПД Идрозво по наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани, рекет, поткуп
Македонија

Вонреден надзор во КПД Идрозво по наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани, рекет, поткуп

25/09/2023

AA

Управата за извршување на санкции на 19.09.2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени.

Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9 годишна затворска казна , дека имал уцени и закани по живот да врати 4000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување на санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски кој им побарал по 2000 евра  ветувајќи им  дека ќе бидат префрлени со работа во МВР.  Вкупната сума од 4000 евра му ги исплатиле на негов пријател во трговскиот центар ,,Сити мол”. Командирите по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

Службените лица од Управата разговарааа и со осуденото лице Јанко Јаневски кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа.За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.

Во однос на  осуденото лице Тони Денковски за неговата поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, од разговорот со него тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди. За Денковски , во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице а преземени се и мерки  за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка.

До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45862
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни институции, меѓу кои и МОН

29/09/2026

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на првиот кат од зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, каде се сместени повеќе

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ Еднаш и Пендаровски и Ковачевски

29/09/2026

Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација во САД, ќе потсетам дека со владите на Зоран Заев и Димитар

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy