Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Тетово уривање на потпорни ѕидови и локални излевања по дождот
Македонија

Во Тетово уривање на потпорни ѕидови и локални излевања по дождот

08/01/2026

AA

Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми во повеќе региони во земјата, при што се поплавени подруми, дворови, делови од инфраструктурата и земјоделски површини, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Охрид и околината поплавени се подрумски простории, дворови и неколку објекти, а излеани се дел од водотеците. Локалната самоуправа и кризниот штаб се на терен, додека екипите на ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат со отстранување на водата и санација на поплавените места.

Слични проблеми се регистрирани и во Кичево и околните населби, каде што во подрумските простории и на дел од површините навлегла вода. Дел од граѓаните се евакуирани и сместени во привремени објекти со обезбедена храна и здравствена заштита. Поплавена е дел од земјоделската површина и неколку локални водотеци. Општината и Црвениот крст Кичево обезбедуваат сместување, храна и лекови за погодените, а ЈП „Комуналец“ и екипи на итната медицинска помош интервенцијата ја извршуваат на терен.

Во регионот на Битола зголемените водостоји на локалните реки предизвикаа локални излевања и поплави на куќи, дворови и земјоделски површини. Кризниот штаб ги организира активностите за приоритетна санација, додека механизацијата на општините работи на терен.

Во Тетово и околината регистрирани се пријави за уривање потпорни ѕидови и локални излевања на водотеци. Полициски екипи вршат увид на местата, а механизацијата на општината интервенира со чистење и санација на штетите.

Поплави се регистрирани и во Гостивар и околните населени места, каде што водата поплавила локални патни правци и дел од инфраструктурата. Екипите на ЈП „Комуналец“ работат на расчистување, а механизацијата од Водостопанство е ангажирана за чистење на свлечишта и отстранување на последиците.

ЦУК најавува дека состојбата продолжува да се следи и дека екипите на локалните самоуправи и службите се на терен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела

22/09/2026
Македонија

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во

22/09/2026
Македонија

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет,

22/09/2026
Македонија

ДОБРЕ ДОЈДЕ ЕСЕН Златната сезона почнува ноќеска во 2:05 часот

22/09/2026
Македонија

🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности

22/09/2026
Македонија

29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
Македонија

ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов

22/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45727
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ОТИШЛА НА НОЌНО КАПЕЊЕ ВО МАРМАРАС, ИМАЛА ЧУДНА СРЕДБА Мислела дека е куче додека не

22/09/2026

Жена се нашла лице в лице со диво животно на плажа во Неос Мармарас, едно од омилените грчки летувалишта на

ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПО ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРОТ Женско тело најдено во една од собите на запалената

22/09/2026

69-годишна жена загина во пожар што избувнал во куќа во валандовското село Пирава. Пожарот бил пријавен вчера околу 17:55 часот,

МИСТЕРИЈА СО ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПАЦИЕНТ Болницата пријавила пад од кревет, тој тврди дека го нападнал

22/09/2026

35-годишен штипјанец со тешки телесни повреди бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а околностите под кои се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy