ВО ПОПРАВЕН ДОМ СЕ УПАТЕНИ ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Казнети се за малтретирање 13-годишно девојче
На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно поправен дом.
Од Кривичниот суд Скопје информираат дека две од малолетничките ќе бидат упатени на по една година, а две на по осум месеци.
Постапката во судот против четирите малолетнички, според законот, беше тајна.
Одлуката сè уште не е правосилна и е во фаза на писмена изработка, по што ќе биде доставена на странките.
Случајот со врсничко насилство во Ѓорче Петров во март годинава предизвика силни реакции во јавноста, а дел од врсничкото насилство беше снимено и на мобилни телефони и потоа споделено на социјалните мрежи.
Против четирите малолетнички претходно беа поднесени кривични пријави за Насилство, а постапката се водеше согласно Законот за правда за децата.
.
Извор: plusinfo.mk