Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Во Македонија повеќе се мисли на ПР, отколку за суштината“, вели Ковачевски за изјавата на Мицкоски дека сме лидер во регионот
Македонија

„Во Македонија повеќе се мисли на ПР, отколку за суштината“, вели Ковачевски за изјавата на Мицкоски дека сме лидер во регионот

09/04/2026

AA

Екс премиерот Димитар Ковачевски вечерва во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, упати директна критика кон актуелната власт за начинот на кој се презентираат економските состојби во земјата.

Според него, тврдењата дека Македонија е регионален лидер кој им помага на соседите се само политички ПР кој ја замаглува реалната економска слика.

Тој се осврна на енергетската и прехранбената криза, појаснувајќи дека меѓусоседските односи се базираат на чист пазарен интерес, а не на подароци.

„Ние ништо немаме добиено од никого бесплатно. Сето жито што се увезуваше од Србија беше уредно платено. Србија само ја крена забраната за извоз заради нас, исто како што и ние ја кренавме забраната за извоз на масло за јадење за да може Албанија да купува од кај нас“, појасни тој.

Во однос на изјавите дека Македонија им помага на соседите со тоа што нивните граѓани точат поевтино гориво кај нас, Ковачевски вели дека тоа не е хуманитарна активност, туку економски императив.

„Мораме да разграничиме ПР од економска суштина. Странците кои точат гориво кај нас практично ни помагаат да ја направиме потребната девизна нивелација. Ние не им помагаме ним со тоа што им овозможуваме да точат, туку државата ги користи сите средства за да обезбеди прилив на девизи“, дециден е Ковачевски.

Иако истакна дека државните девизни резерви се на високо ниво и дека банкарскиот сектор е добро капитализиран благодарение на одговорната монетарна политика низ годините, Ковачевски изрази сериозна загриженост за падот на странските инвестиции. Тој посочи дека на почетокот на 2026 година, инвестициите се неколкукратно намалени, што создава дополнителен притисок врз целата економија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy