„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак на дојка
Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за значењето на навремената превенција и раното откривање на ракот на дојка, преку позитивен, интерактивен и охрабрувачки пристап, а во организација на Советот за социјална заштита и Советот за женско претприемништво на Општина Битола.
Настанот ги обедини граѓаните, здравствените работници, психолозите, здруженијата и локалната заедница во заедничка порака за грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со болеста.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
– Ви благодарам за можноста да се обратам на овој важен настан и да ја искажам личната и благодарноста од име на Општина Битола што на еден ваков начин зборуваме за важноста на превенцијата, но не и за стравот, туку за животот, женската сила, надежта и заедништвото, потсетувајќи се дека грижата за сопственото здравје е чин на љубов кон себе. Советот за социјална заштита и Советот за женско претприемништво и ние како локална самоуправа ја даваме безрезервната поддршка на ваквите настани – истакна градоначалникот Коњановски.
.
Извор: plusinfo.mk