Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во спротивно, ќе бидеме во оваа ситуација во која сме сега
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во спротивно, ќе бидеме во оваа ситуација во која сме сега

13/10/2026

AA

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема да биде една од главните пречки за евроинтеграцијата на Македонија, вели вицепремиерот и  министер за транспорт, Александар Николоски.

– Мојата клучна теза зад која стојам е дека доколку се врати апетитот за проширување, особено кај 5-6 поголеми земји членки на ЕУ, проблемот со Софија ќе се реши. Меѓутоа, сум многу прецизен: не велам апетит за проширување во Брисел, не велам апетит за проширување во Европската комисија или во институциите на Европската Унија, туку велам апетит за проширување во 5-6 поголеми и позначајни земји членки на ЕУ. Доколку тој не се врати, ќе бидеме во оваа ситуација во која сме сега. Но, наша работа е да ги спроведуваме реформите, да ја јакнеме државата економски и политички и да градиме модерна држава – рече Николоски во гостување на ТВ Алфа.

Тој се осврна и на европската финансиска поддршка и инфраструктурните проекти, нагласувајќи дека државата добива значајни грант-средства од ЕУ за железничките и за патните делници.

– Имаме 149 милиони евра грант за првата фаза од железницата, имаме уште околу 30 милиони евра за втората фаза, која е во тек. Имаме 20 милиони евра за автопатот, каде што почнавме активности. Имаме и 130 милиони евра за делницата Скопје-Блаце, која почнавме да ја градиме. Така што, тоа се сериозни грант-компоненти што ги добиваме од Европската Унија – рече Николоски.

Во однос на изградбата на пругата кон Бугарија на Коридорот 8, тој информираше дека на делницата од Бељаковце до Крива Паланка веќе има 40 отсто напредок и најави пуштање во сообраќај во текот на следната година.

– Во моментов има тендер за кој ми е многу драго што не е објавен на македонското Биро за јавни набавки, туку на официјалната платформа за јавни набавки на Европската Унија. Тој трае до 20 јануари, во согласност со правилата на Европската инвестициска банка. Се надевам дека навреме ќе избереме изведувач. Паралелно имаме и тендер за надзор и очекувам во април или мај наредната година да почне да се гради и таа секција. Таа мора да заврши за 5 години, односно некаде до 2032 година. Паралелно ќе го изградиме и железничкиот тунел со Бугарија, за кој се договоривме тие да работат на нивниот дел, па во 2032 година да имаме целосно железничко поврзување од Скопје до Црното Море и до Одеса – рече Николовски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено време

13/10/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно и постудено, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува засилен до силен ветер од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy