СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено време
Времето утре ќе биде променливо облачно и постудено, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 километри на час.
Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура до 2 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 15 степени.
До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време.
Во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 километри на час.
За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

.
Извор: plusinfo.mk