Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Берово одбележана 79-годишнината од формирањето на 51-та НО Дивизија
Македонија

Во Берово одбележана 79-годишнината од формирањето на 51-та НО Дивизија

21/10/2023

AA

Во Берово кај месноста Широки Дол одбележана е 79-годишнината од Формирањето на 51-та НО Дивизија. Во рамки на настанот што се организираше во соработка со здружението Владимирски Илинденски Средби, цвеќе положија претставници на Организацијата на резервни офицери од Берово и Пехчево, претставници на институции од Општина Берово и здруженија на граѓани.

-Педесет и првата македонска дивизија на НОВЈ формирана е на 19 октомври 1944 година во селото Широк Дол кај Берово. При основањето, во нејзиниот состав влегле Првата, Дваесеттата, Дваесет и првата македонска и Артилериската бригада на 51-та дивизија на Народноослободителната војска на Југославија. Во нејзиниот состав тогаш имало вкупно 2.476 борци и офицери. Подоцна, бројот пораснал на 6.689 борци и офицери, истакна во пригодниот говор пред присутните ученик од гимназијата „Ацо Русковски“.

Оваа дивизија учествувала во завршните операции за ослободување на Македонија, во текот на октомври и ноември 1944 година.

По ослободувањето на Струмица и Радовиш, распоредена е на југословенската граница од Гевгелија до тромеѓето на границата со Бугарија. Преименувана е во декември 1944 година, кога го добила формацискиот број „Педесетта“, на место на укинатата истоимена дивизија. Командантот на дивизијата, Кирил Михајловски, бил прогласен за народен херој на Југославија, беше потенцирано во самиот говор во рамки на настанот.

Во рамки на одбележувањето на 79-годишнината од формирањето на 51-та НО Дивизија беше организиран и заеднички ручек за присутните кои со теренски возила присуствуваа кај месноста Широки Дол.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО

17/09/2026
Македонија

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА

17/09/2026
Македонија

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА

17/09/2026
Македонија

ЗЕЛ ВАП-МАШИНА ЗА ДА МИЕ ВОЗИЛО, ГО УДРИЛА СТРУЈА? На

17/09/2026
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45647
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ ОД МОСТ Полицијата ѝ

17/09/2026

Скопската полиција ја откри и ја казни жената која денеска беше снимена како фрла ѓубре од мост директно во  Лепенец,

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА ЗАКОН Ова обвинителство ги чинеше

17/09/2026

„Дали може да ни објасните за бонусите кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Jас тоа го прашувам

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА ДОНЕСАМ В ПОНЕДЕЛНИК“ Газда Деко

17/09/2026

Сопственикот на кабарето „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, не им ја дал на увид лиценцата за работа на полициските службеници

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy