Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Реновирана ординацијата за општа анестезија на Стоматологија
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Реновирана ординацијата за општа анестезија на Стоматологија

12/11/2026

AA

Во Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје во 2025 и 2026 година се вложени над 40 милиони денари за модернизација на опремата и подобри услови за пациентите и вработените.

Посебно внимание е посветено на ординацијата за општа анестезија, која е целосно реновирана и доопремена. Во неа стручен третман добиваат лица со попреченост, деца кои не можат да соработуваат и пациенти со изразена дентофобија.

– Над 40 милиони денари за две години е сериозна инвестиција во јавното стоматолошко здравство. Тоа е резултат на поддршката од Министерството за здравство и ФЗОМ, но и на раководството на Стоматолошкиот клинички центар. Кога средствата се трошат наменски, тоа се гледа во секоја ординација: подобра опрема и подобри услови за пациентите и за вработените. И покрај тоа што приватни здравствени установи обезбедуваат дел од стоматолошките услуги неопходно е силна јавна стоматологија, посебно бидејќи оваа установа е терциерна установа каде се образуваат идните стоматолози – изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој посебно го истакна значењето на ординацијата за општа анестезија.

– За дете со попреченост и наједноставната стоматолошка интервенција често е можна само со општа анестезија. За тоа е потребен безбеден простор, соодветна опрема и обучен тим, а тоа денес го има тука. Ова покажува дека и со релативно мали средства, вложени на вистинското место, се решаваат значајни предизвици. Семејствата доаѓаат од целата држава за овој третман. Затоа, следниот чекор мора да биде децентрализација, за услугата да биде поблиску до пациентот – рече Клековски.

Министерот укажа и на улогата на општествената одговорност во здравството.

– Јавната установа ги вложи своите средства, а бизнисот и граѓанскиот сектор се приклучија. Кога сите работат заедно, резултатот е видлив и директно им служи на пациентите. Им благодарам на Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и на компанијата Зегин. Ова е пример што треба да има продолжение – додаде Клековски.

Директорката на УСКЦ „Св. Пантелејмон“, проф. д-р Јулијана Николовска, истакна дека за секоја набавка во фокус се потребите на пациентите.

– За само година и пол направивме видливи промени. Тоа го постигнавме благодарение на поддршката на Министерството за здравство и ФЗОМ, како и со домаќинско работење и внатрешни заштеди. Особено сме горди на ординацијата за општа анестезија, која е единствена од ваков тип во државата на терциерно ниво. Нашата цел е достапна, безбедна и достоинствена стоматолошка здравствена заштита за секој пациент – изјави Николовска.

Викторија Механџиска, претседателка на Управниот одбор на Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и директорка на Зегин, рече дека децата со попреченост и нивните семејства секојдневно се соочуваат со многу предизвици.

– Горди сме што поддржуваме институција каде се обезбедува стоматолошки третман за деца со попреченост од целата држава. Веруваме дека кога институциите, бизнис-секторот и граѓанските организации дејствуваат заедно, можеме да создадеме промени – изјави Механџиска.

Во изминатиот период, меѓу другото, се набавени: видеоларингоскоп, 3D принтер, интраорален скенер и 3D лабораториски скенер
диодни ласери и мобилен дигитален рендгенски апарат, дефибрилатори, автоклави и стерилизатори, технички аспиратори и микромотори, нова информатичка опрема. Изграден е и тоалет за лица со попреченост.

Ординацијата за општа анестезија е уредена дел со сопствени средства на установата, која обезбеди видеоларингоскоп за безбедна анестезија, а дел со донации во вредност од околу 800.000 денари.

Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ донираше стоматолошка столица, подвижен рендгенски апарат и автоклав, а компанијата Зегин донираше болнички кревети.

Термините за третман под општа анестезија се закажуваат на телефон 075 435 445, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ОДЕЊЕТО НА ЗАБАР НЕМА ДА БИДЕ ТРАУМА ЗА ЛИЦАТА СО

12/11/2026
Македонија

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ

12/11/2026
Македонија

ЗА НИВНО ДОБРО Е СТУДЕНТИТЕ СОВЕСНО ДА ГИ КОРИСТАТ ОБЈЕКТИТЕ

12/11/2026
Македонија

СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Бара да му

12/11/2026
Македонија

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува

12/11/2026
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
Македонија

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ

12/11/2026
Македонија

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО

12/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46744
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НАПАДОТ ВО ВЛАЕ На 13-годишно момче му ги

12/11/2026

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против пет малолетници од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, во врска

ЗА НИВНО ДОБРО Е СТУДЕНТИТЕ СОВЕСНО ДА ГИ КОРИСТАТ ОБЈЕКТИТЕ Делегацијата на ЕУ порача дека

12/11/2026

Делегацијата на Европската Унија во Скопје издаде соопштение до јавноста и до студентите во врска со неодамнешната јавна дискусија во

СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Бара да му се воведат мерки на претпазливост

12/11/2026

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во врска со случувањата со Алта банка АД Битола.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy