Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Агенцијата за вработување останале вишок од 22 милиони евра
Економија

Во Агенцијата за вработување останале вишок од 22 милиони евра

28/07/2023

AA

Во Агенцијата за вработување на крајот од минатата година останал вишок на пари од 22,3 милиони евра, односно 1.369.768.271 денари како неискористени, по наплатата на придонесите за вработување од страна на работодавачите, покажува објавениот извештај за 2022.

Околу 25 милиони евра биле потрошени за програмите како младински додаток, практиканство, самовработување, разни обуки, јавни работи, субвенционирање на плати, вработување на инвалиди, општо-корисна работа итн., иако планираниот буџет за тоа бил 32 милиони евра.

Вкупните приходи што биле собрани изнесувале 76 милиони евра и биле зголемени за 10,2 отсто за една година, односно за 7 милиони евра повеќе. Потрошени биле помалку од 55 милиони евра.  За основното трошење – за надоместоци за лицата кои во меѓувреме останале без работа, како и за програмите за вработување, биле издвоени 48 милиони евра.

Биле остварени 11 милиони евра повеќе приходи од планираното, а потрошени 6,5 милиони евра помалку од она што било предвидено. Биле пренесени и вишок на лански средства од 14,3 милиони евра

Од друга страна, од придонесите за вработување од работодавачите и вработените поединци биле наплатени 36 милиони евра, речиси за 6 милиони повеќе во однос на една година претходно. 

Инаку стапката на придонесот за вработување е 1,2 отсто од бруто платата на работникот. Овие придонеси влегуваат во буџетот на Агенцијата за вработување со 72,1 отсто.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати имаат еднаков третман

10/08/2026

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy