![ВНИМАВАЈТЕ: Одрон на патниот правец Гостивар-Маврово](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/05/odroninapatpt.png)
ВНИМАВАЈТЕ: Одрон на патниот правец Гостивар-Маврово
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај Каменоломот. За настанатата состојба од ЦУК се известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција коишто ќе пратат екипи се со цел нормализирање на сообраќајот.