Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Надал: Сега најдов начин да победам, ама мора да почнам да играм подобро!
Спорт

Надал: Сега најдов начин да победам, ама мора да почнам да играм подобро!

09/05/2024

AA

Рафаел Надал не се чувствуваше удобно во својот прв меч назад на мастерсот во Рим, а потврда за тоа е тешко извојуваната победа против Белгиецот Бергс во три сета (4-6, 6-3, 6-4).

Десеткратниот освојувач на овој турнир во разговор за медиумите објасни што му се случило денеска на теренот.

„Ова не беше добар меч за мене, не играв како што знам и како што требаше. Најдов начин да победам и да го осигурам настапот за два дена, кога ќе треба да покажам дека можам многу подобро, исто како што играм на тренинзите. Ќе морам да најдам подобро место за себе на теренот во однос на денешниот дуел, а репер за тоа е првиот сет на последниот меч одигран во Мадрид“, изјави Надал.

Запрашан дали е способен да го контролира заморот на своето тело и потрошувачката на енергија на вакви натпревари, Надал изјави.

„Тешко да се направи тоа, бидејќи во моментов можам да одам само чекор по чекор и да правам мали промени од ден на ден. Сепак, денеска се соочив со ситуација да морам да играм до 100% од моите способности, што е предизвик бидејќи се уште имам страв дека со потег би можел да придонесам за враќање на повредата – како што беше случајот со Бризбејн и колкот на кој имав операција. Проблемот е што треба да ги навикнете мускулите на новата конфигурација на тој дел од телото, а немате доволно време за тоа – и тоа е факт. Морам да се ослободам од овој страв, а натпреварите како денешниот помагаат во тоа – да се соочам со преземање ризици. Се чувствувам поподготвен за сето тоа отколку порано, а ако нешто се случи – ќе се случи. Засега – продолжуваме понатаму“, заврши Надал.

Негов следен противник ќе биде полскиот тенисер Хуберт Хуркач.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy