
ВМРО-ДПМНЕ: За пусти пари слугата на СДС Стевчо Јакимовски е подготвен на се
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за пусти пари слугата на СДС Стевчо Јакимовски е подготвен на се.
„Политичкото насилство на деспотот-градоначалник и слуга на СДС Стевче Јакимовски манифестирано на 37-та и 38-та Седница на Советот на општина Карпош во Новата година транферираше во насилство, притисок и создавање немир кај вработените во општинската администрација, училиштата и детските градинки.
Манипулациите и заканите дека вработените ќе останат без плати се последниот обид на Јакимовски да изврши притисок врз советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош да го изгласаат буџетот за 2024, а со тоа да ги спаси и остави во живот ДУП-овите и урбаната мафија која го разорува Карпош.
Но, и оваа лага многу скоро ќе биде прозрена. Има и постојат законски можности обврските кон вработените да бидат целосно, редовно и навремено исплатени.
Повторно бараме ИТНО свикување на Седница на Советот на општина Карпош за донесување одлука за времено финансирање на општината, сѐ до донесувањето на буџетот за 2024та година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
