Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска доби вевчански пасош: Со 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал ги зацврстуваме вредностите кои траат
Македонија

Костадиновска-Стојчевска доби вевчански пасош: Со 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал ги зацврстуваме вредностите кои траат

03/01/2024

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во работна посета на Општина Вевчани, каде што со градоначалникот Спасе Кочовски потпишаа договор за финансирање на традиционалната манифестација „Вевчански карневал 2024“, еден од најстарите европски и први карневали во државава, зачленет во Светската карневалска федерација.

Костадиновска-Стојчевска во изјавата за медиумите нагласи дека оваа година, со 1,8 милиони денари, една од наjвисоките суми дадени за Вевчанскиот карневал, Министерството за култура ја засилува поддршката на вредностите кои траат и кои со својата автентичност ја издвојуваат македонската култура и историја во светски рамки.

„Горда сум што активностите во новата година ги започнувам токму од Вевчани, потврдувајќи ја уште еднаш подготвеноста на Министерството за култура за поддршка на проекти кои се македонски бренд, но и подготвеноста за отворен и креативен дијалог со нашите корисници“, посочи Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека карневали има речиси во сите европски земји, но интересот за Вевчанскиот, како облежје на овдешната култура и како туристичка атракција, не стивнува.

„Вевчанци имаат посебен дух и гостопримство, посебна креативност, духовит и критичен однос кон општествените случувања што од година в година се попривлечни и атрактивни за светските медиуми и гостите од регионот и од Европа“, рече министерката за култура, која нагласи дека сите овие придобивки, Министерството за култура ги препознава и останува доследен партнер на оваа манифестација, но и на другите содржини кои го афирмираат Вевчани.

Костадиновска-Стојчевска, како дел од проектите за кои е дадена поддршка во Вевчани, го истакна и првиот мурал „Василичарска епопеја“, потенцирајќи дека во Вевчани се вложува и во едукацијата на младите за продолжување на традицијата на фолклорната уметност на следните генерации, а Здружението Културно-уметничко друштво „Дримкол“, кое во континуитет добива поддршка од Министерството за култура, во изминатата година успешно ги презентираше македонскиот фолклор и традиција дома, но и на меѓународните сцени во светот.

„И оваа година продолжува поддршката за културата во Вевчани како општина која е важен сегмент за нашата богата македонска изворна традиција и која се пренесува на новите генерации. Министерството за култура останува силен поддржувач на вредностите кои ги промовираат македонскиот идентитет и културното наследство“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска, која посака успешна реализација на Вевчанскиот карневал, како и на сите културни активности кои, од Вевчани, шират традиција и автентичност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ ГУБИ КОНТРОЛА Силни осуда

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ГО НАВРЕДИ МИЦКОСКИ НАРЕКУВАЈЌИ ГО „КОМПЛЕТЕН ИДИОТ“ Нервозна реакција

01/10/2026
Македонија

ГО НАШЛЕ МРТОВ ВО ИЗГОРЕН КАМИОН КАЈ ЛЕСКОВАЦ Возач од

01/10/2026
Македонија

ИСЕКОЛ ДВЕ БАНКИНИ ОД МОСТ И СИ ГИ ОДНЕЛ ДОМА!?

01/10/2026
Македонија

ОСТАНЕТЕ БУНТОВНИЦИ СО ПРИЧИНА! Студентските денови биле најубави во животот

01/10/2026
Македонија

ОПОЖАРЕН БАГЕР ШТО РАБОТЕЛ НА СТАДИОНОТ „ШКЕНДИЈА“ ВО АРАЧИНОВО Дали

01/10/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (2) Василиј II

01/10/2026
Македонија

РЕКОРД ВО СЕПТЕМВРИ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПОРТАЛ ЗА УСЛУГИ Поднесени 27.345

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45912
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОД СТРАВ ИЛИ ОД УЦЕНЕТОСТ, ФИЛИПЧЕ ГУБИ КОНТРОЛА Силни осуда за говорот на омраза и

01/10/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка

ФИЛИПЧЕ ГО НАВРЕДИ МИЦКОСКИ НАРЕКУВАЈЌИ ГО „КОМПЛЕТЕН ИДИОТ“ Нервозна реакција и кон Платформата 12.05 –

01/10/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска го невреди премиерот Христијан Мицкоски нарекувајќи го „комплетен идиот“ и обвинувајќи го дека ја

ГО НАШЛЕ МРТОВ ВО ИЗГОРЕН КАМИОН КАЈ ЛЕСКОВАЦ Возач од Македонија излетал на автопатот

01/10/2026

Македонски возач загина во тешка сообраќајна несреќа кај Лесковац во Србија, откако неговиот камион излетал од автопатот, се превртел и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy