Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: СДС не ги штити граѓаните, туку ги ограбува
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не ги штити граѓаните, туку ги ограбува

04/03/2023

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС не ги штити граѓаните, туку ги ограбува, а со купи ден – помини политики, односно со привремено решение од замрзната цена, мерка која ни самите во влада не ја почитуваат, сака да се прикаже месија, во ситуација кога дозволи се да поскапе.

„СДС самата во Влада набавува леб поскап 30-100% поголеми од цената која ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб или додека за белиот леб со продолжен рок плаќа 75,6 денари.

Покрај тоа, ако СДС навистина сакаше да го заштити стандардот на граѓаните уште пред една година ќе донесеше соодветни мерки, ќе ги наполнеше и зголемеше стоковите резерви, ќе им помогнеше на производителите и ќе спречеше ценовен шок за граѓаните.

СДС тоа не го направи, наместо тоа ја поскапи струјата за бизнисот и граѓаните и дозволи цените вртоглаво да растат.

Поради криминалните политики на СДС граѓаните имаат десетици илјади денари повисоки месечни трошоци, сметките им се значително поголеми, а основните производи поскапеа за 50%, а некои и за 200%.

Влада која се грижи за граѓаните не дозволува инфлација од 20%, односно двојно повисока од таа во еврозоната каде стандардот е многу поголем.

И откако дозволи се да поскапи и една година граѓаните да осиромашуваат сега СДС со привремена мерка за лебот глумат спасители, небаре граѓаните само леб јадат и ништо друго. Да не зборуваме за сите останати месечно трошоци кои ги имаат.

Ако СДС сакаше да им помогне на граѓаните уште пред една година ќе прифатеше од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ како одредени корекции на одредени параметри, зголемување на стоковите резерви, давање на брашно на производителите, намалување на цените на нафтените деривати преку акциза и останатите мерки кои ги предлагавме.

Така немаше да се стигне до ова дереџе во кое СДС ги втурнаа граѓаните да месечните минимални трошоци се 51.000 денари за семејство, а да има нови 13.000 сиромашни.

Реалноста е дека СДС не размислува за стандардот на граѓаните, туку за профитот на своите функционери и милионските криминални тендери. Затоа што побрзо СДС си замине толку побрзо Македонија и граѓаните ќе се оправат од сиромаштијата и бедата во која оваа влада ги носи“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без

31/07/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
Македонија

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки

31/07/2026
Македонија

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44772
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без нов инвестициски циклус

31/07/2026

Во обид да обезбеди сигурно снабдување со критични минерали, Шведска донесе одлука со која рударството добива статус на национален безбедносен

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026

Во следните седум дена Македонија ја очекува стабилно, сончево и многу топло време. Температурите постепено ќе растат од ден на

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки за безбедна храна

31/07/2026

Поради најавените екстремно високи температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, Агенцијата за храна и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy