Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европратеник: Вучиќ ја користи ЕУ како личен банкомат и го попречува европскиот предлог
Регион

Европратеник: Вучиќ ја користи ЕУ како личен банкомат и го попречува европскиот предлог

04/03/2023

AA

Холандскиот европратеник Теис Ројтен побара писмен одговор од Европската комисија за да ја објасни нејзината политика кон Србија, како и зошто Европската унија неодамна пропиша грант во вредност од 600 милиони евра, како и пакет финансиска помош во вредност од 2,2 милијарди евра, „знаејќи дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја користи Унијата како личен банкомат“.

„На 28 февруари еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархељи на Република Србија и презентираше пакет финансиска поддршка во вредност од 2,2 милијарди евра, од кои 600 милиони евра се грантови. Ова е најголемиот грант од ЕУ во историјата на Србија. Во својот говор на прес-конференцијата, еврокомесарот ја нарече Србија, која станува се поавторитарна, „пријател“, а денот на потпишувањето на финансискиот пакет беше „вонреден“ и „многу симболичен“, се наведува во писмото.

Европратеникот наведува дека истата вечер претседателот на Србија на национална телевизија изјавил дека не сака да го потпише Договорот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, кој, како што се наведува, бил договорен дури претходниот ден, со посредништвото на ЕУ, а кое беше подготвен да го потпише и премиерот на Косово Аљбин Курти.

Тој потоа изнел три прашања до Европската комисија.

„1. Со оглед на одбивањето на претседателот да го потпише предлогот за европски договор, дали комисијата го дели мислењето дека времето на посетата на еврокомесарот на Србија, неговите комплементарни забелешки и доставувањето на најголемиот грант од Србија досега претставуваат ризици кои сигнализираат дека ЕУ ја поддржува Србија опструкционизам?

2. Кои чекори ќе ги преземе комисијата за да ја поттикне Србија да го потпише европскиот нацрт-договор?

3. Дали комисијата ќе одлучи да ги прекине плаќањата кон Србија во согласност со Економскиот и инвестицискиот план додека нејзиниот претседател не потпише и покаже кредибилна посветеност на спроведувањето на предлогот на ЕУ?“.

Тјс Ројтен на својот Твитер напиша дека „ЕУ мора да го запре самоуништувачкото финансирање на опструкционизмот на Вучиќ“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без

31/07/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
Македонија

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки

31/07/2026
Македонија

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

31/07/2026
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44772
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без нов инвестициски циклус

31/07/2026

Во обид да обезбеди сигурно снабдување со критични минерали, Шведска донесе одлука со која рударството добива статус на национален безбедносен

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026

Во следните седум дена Македонија ја очекува стабилно, сончево и многу топло време. Температурите постепено ќе растат од ден на

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки за безбедна храна

31/07/2026

Поради најавените екстремно високи температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, Агенцијата за храна и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy