Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ВМРО-ДПМНЕ побара поскап леб за народот, само СДСМ го штити стандардот на граѓаните“, вели Дарко Каевски
Македонија

„ВМРО-ДПМНЕ побара поскап леб за народот, само СДСМ го штити стандардот на граѓаните“, вели Дарко Каевски

01/03/2023

AA

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ јавно побарало поскап леб за граѓаните.

Според него, среде криза, наместо да застане во заштита на стандардот на граѓаните, наместо да застане зад народот, ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на милионски профити.

„Заслепени од луксузот во Белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ е против стандардот на народот.

Тоа е истата криминална партија која 11 години ги осиромашуваше граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ беше против минималната плата, против помошта за граѓаните во време на ковид падемијата, против антикризните мерки во време на светска енергетска и економска криза.

Уште еднаш се потврди дека СДСМ е на страната на граѓаните штитејќи го нивниот стандард. ВМРО-ДПМНЕ е на страната на профитерите, на оние кои злоупотребуваат мерки за помош на граѓаните.

Со помошта од државата за далеку поевтина цена на струјата, со моменталните цени на брашното, на горивата и гасот, 450 грама леб не би требало да има цена повеќе од 33 денари вклучувајќи 6 денари како профит што останува кај пекарите

Почитувани,

Додека Димитар Ковачевски го штити стандардот на граѓаните, Христијан Мицкоски застанува зад профитерите во време на криза.

Денешниот став на ВМРО-ДПМНЕ за пекарниците е идентичен со ставот на Димитар Апасиев и Левица, кои исто така јавно поддржаа повисока цена на лебот за граѓаните.

Апасиев, лажниот борец за работнички права прв се јави, Мицкоски само ги следи неговите насоки објавени на социјалните мрежи.

Но во Белиот дворец треба да знаат дека никој не е над народот и над граѓаните. Нема да дозволиме народот да осиромашува а некој да се богати на нивна сметка“, вели СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се

29/06/2026
Македонија

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига

29/06/2026
Македонија

Вработените во секторот за игри на среќа најавуваат протести и

29/06/2026
Македонија

Растат производствените цени во индустријата – економистите предупредуваат на можни

29/06/2026
Македонија

Земјоделците алармираат: Нискиот род и откупните цени ја загрозуваат жетвата

29/06/2026
Македонија

Собранието го усвои новиот Закон за игри на среќа: Нови

29/06/2026
Македонија

Приведени 10 лица во едно деноноќие – кај нив била

29/06/2026
Македонија

„Чаирска романтика“ е само дел од наследството: Општина Чаир ќе

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44035
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Собранието ги усвои измените на Законот за трансплантација – се унапредува системот за органодарителство

29/06/2026

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со

ВИДЕО Голем пожар кај Визбегово, густ црн чад се издига над Скопје!

29/06/2026

Голем пожар избувна попладнево во околината на Визбегово, при што густ црн чад се издига над местото и е видлив

Вработените во секторот за игри на среќа најавуваат протести и апелираат до претседателката да не

29/06/2026

По усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа и забавни игри во Собранието, Здружението на вработени во секторот „Сакам

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy