Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МАРИХУАНАТА Дуото да одговори и за поврзаноста со газдата на фирмата
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МАРИХУАНАТА Дуото да одговори и за поврзаноста со газдата на фирмата

15/02/2026

AA

По сѐ што Филипче и СДС, се обидуваат да ѝ сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да дадат и објаснување за фотографијата со Тони Котев, сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, поврзана со илегална марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека наместо да водат кампања која е само спин и манипулација, Филипче и СДСМ јавно да објаснат каде завршувала марихуаната што, според законите, не можела да се користи како легален медицински производ. Јавноста има право да знае дали станува збор за лични или партиски интереси и кој имал профит од овој нелегален бизнис.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Јавното обвинителство итно и темелно да ја истражи целосната релација помеѓу Заев и Филипче, нивната можна вмешаност и одговорност во случајот со запленетата марихуана, како и сите околности што упатуваат на партиски и лични интереси во нарко-бизнисот.

„Филипче и Заев како најпознато криминално дуо кое некогаш постоело во земјава имаат оставено црн печат секаде, во секој сектор, во секоја институција, во секоја пора на општеството. Околу темата за канабисот, Филипче пред неколку дена на национална телевизија беше видливо нервозен и конфузен, а Заев пак никна на социјалните мрежи со статуси кои очигледно беа напишани во паника. Јавноста се сеќава кога во 2020 година, ова дуо сакаше да ја легализира марихуаната во земјава, па откако тоа не им успеа, се фрлија на масовно издавање лиценци за медицински канабис на лица кои беа блиски до СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За кратко време струмичкиот регион стана жариште на производство на марихуана, што според ВМРО-ДПМНЕ значи дека имало координирано ширење на индустријата под покровителство на Заев и Филипче.

„Клучниот момент е измената на Правилникот за одгледување канабис од 2023 година, каде во член 2 се додаде можноста канабисот да се одгледува и на отворено. Овој подзаконски акт за канабис е во директна колизија со законот, бидејќи дозволува производство на канабис цвет кој не ги исполнува ГМП стандардите. Ако не ги исполнува тие стандарди, финалниот производ не може легално да се користи како медицински“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

По заплената на 40 тони марихуана од компании со лиценци за медицинско производство, 70% од неа или околу 30 тони потекнува од „ЦБД Медплант“, или фирма основана во 2018 година од страна на блиски луѓе до Заев, поконкретно Христијан Котев, син на Тони Котев, кој е поранешен претседател на ОО на СДС во Ново Село, и човек близок до Заев, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јакимовски пред Општина Карпош: Бара проверка на боледувањето на Лукровски

07/06/2026
Македонија

Речиси преполовени сметки за парно три месеци ќе стигаат до

07/06/2026
Македонија

Пронајден починат скопјанец во својот дом

07/06/2026
Македонија

Трагедија во Кучково: Маж пронајден мртов под автомобил

07/06/2026
Македонија

Од 15 јуни нови правила на патарините: MCard нема да

07/06/2026
Македонија

Топло време и оваа седмица, попладне можни невремиња со град

07/06/2026
Македонија

Првиот лет од Вроцлав слета во Охрид, наскоро стартува и

07/06/2026
Македонија

Секој ќе може да провери дали фирмата има лиценца: се

07/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43642
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јакимовски пред Општина Карпош: Бара проверка на боледувањето на Лукровски

07/06/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска се појави пред општинската зграда, од каде што објави видео на социјалните

Речиси преполовени сметки за парно три месеци ќе стигаат до граѓаните

07/06/2026

Во наредните три месеци, скопјани чии домови се загреваат на парно ќе добиваат пониски сметки. Првата фактура од редовното годишно

Пронајден починат скопјанец во својот дом

07/06/2026

На 06.06.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy