Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Дали Коцевски тактизираше со оставката за да купи време и да се заташкаат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ?
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Коцевски тактизираше со оставката за да купи време и да се заташкаат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ?

17/12/2025

AA

Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење како јавен обвинител. Со оставката Коцевски ги призна проблемите во обвинителството кое беше компромитирано и под негово водство беше институција со изгубен легитимитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

„Коцевски го водеше обвинителството речиси две години и не направи ниту една реформа. Напротив обвинителството во време на Коцевски делуваше во заштита на криминалите на СДС и ДУИ и нивните функционери.

Тактизирањето на Коцевски и задоцнетата оставка е показател за длабоките проблеми, корупцијата и обидот да се зачува статус квото на обвинителството.

Коцевски е првиот на кого парламентот му изгласа недоверба, но тој не пропушти да тактизира за да извлече барем ден плус во заштита на  функционерите на СДС и ДУИ.

Со оставката на Коцевски се става крај на темниот период во обвинителството како партиски механизам за заштита на СДС и ДУИ. Оставката на Коцевски не е персонално туку системско решение и е јасна порака дека никој не е недопирлив.

Дали тактизирањето со оставката на Коцевски се купуваше време за неговите наредбодавци?

Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за висока корупција на функционери од СДС и ДУИ?

Оставката на Коцевски е победа за правната држава, крај на партизацијата и почетокот на европеизацијата.

Ова не е крај туку почеток на неселективна и навремена правда.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира за независно, професионално и департизирано обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на реформи во правосудството за навремена и неселективна правда каде ќе се почитуваат законите и владеење на правото.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на градење на институциите и враќање на довербата на граѓаните  во правосудството“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ АВТОМАФИЈАТА, ОДЗЕМЕНИ 67 ВОЗИЛА Полицијата проверила речиси

25/11/2026
Македонија

РОДИТЕЛИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ТРИТЕ ДЕЦА Случајот се случувал

25/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ ОЧЕКУВА СЕРТИФИКАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ДА ИМА УВИД ВО

25/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ РЕШЕНИЕ ЗА МАМОГРАФОТ ВО „БУКУРЕШТ“ Недозволиво е поликлиника

25/11/2026
Македонија

СТОКАТА ВРЕДНА 5,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА ИМАЛО САМО НА ХАРТИЈА

25/11/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДЕКА МЕСТОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е

25/11/2026
Македонија

ТРОЈЦА МАЖИ НАПАДНАЛЕ ЧОВЕК КОЈ ДРЖЕЛ ДЕТЕ ВО РАЦЕТЕ!? Притоа

25/11/2026
Македонија

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА На планините нова снежна

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46926
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ АВТОМАФИЈАТА, ОДЗЕМЕНИ 67 ВОЗИЛА Полицијата проверила речиси 4.000 автомобили, уапсени се две

25/11/2026

Дури 3.944 возила биле проверени, 67 биле одземени, а две лица биле лишени од слобода во Македонија во рамките на

РОДИТЕЛИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ТРИТЕ ДЕЦА Случајот се случувал подолг временски период

25/11/2026

Двајца родители од скопскиот регион се приведени по пријава дека подолг временски период физички и психички ги малтретирале своите три

КЛЕКОВСКИ ОЧЕКУВА СЕРТИФИКАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ДА ИМА УВИД ВО ДОСИЕТО ЗА КАРДИОХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ Ќе

25/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски очекува наскоро да добие пристап до досието за кардиохируршките интервенции, по што најави дека ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy