Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: „Ахмети и ДУИ се српски мафијаши од Али-експрес, од овчари станаа шеици, ќе завршат во затвор!“
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: „Ахмети и ДУИ се српски мафијаши од Али-експрес, од овчари станаа шеици, ќе завршат во затвор!“

02/09/2025

AA

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со остра и досега невидено директна реакција на последните изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи го него и неговата партија за огромен криминал, споредувајќи ги со „криминалците на Милошевиќ“ и порачувајќи им дека наместо да ја делат државата, може да завршат зад решетки.

Во соопштението испратено од партискиот центар за комуникации, ВМРО-ДПМНЕ вели дека ДУИ е во очај штом Ахмети се навраќа на конфликтот од 2001 година, иако 23 од последните 24 години бил на власт и е директен учесник во „газењето, компромитирањето и корумпирањето на институциите“.

„Сега после 23 години власт му текна да зборува за 2001 година, конфликт чии бенефити и материјализирање најдобро го осетија 50-тина луѓе од врвот на ДУИ, кои од овчари, земјоделци, механичари и слаткари станаа шеици и тајкуни“, стои во реакцијата, каде се додава дека тоа го постигнале преку постојани закани и злоупотреба на етнички теми кога требало да се зборува за реформи и борба против корупција.

Од ВМРО-ДПМНЕ испраќаат директна закана до партијата на Ахмети: „ДУИ може колку сака да потсетува на 2001, сега сме 2025, и не само што не може да ја делат Македонија, туку може и да завршат во затвор за криминал и за тоа што ја разјадуваат Македонија и ги злоупотребуваат пред сè своите гласачи.“

Владејачката партија понатаму тврди дека за време на владеењето на ДУИ се случил огромен егзодус, особено на Албанците, оставајќи ја земјата „сиромашна, опљачкана и празна“. Според нив, без да зборува за теми од минатото, Ахмети „станува безначаен, празен и гол, при што лесно се гледа неговото вистинско корумпирано лице“.

Во најбруталниот дел од соопштението, ВМРО-ДПМНЕ повлекува паралела помеѓу раководството на ДУИ и српските профитери од времето на Слободан Милошевиќ.

„Очигледно српското влијание во ДУИ е непобитно. Голем мерак имаат да бидат како оние српски скороевичи кои се збогатија на грбот на српскиот народ во време на Милошевиќ… Нашиве српски мафијаши од ДУИ се одраз во огледало на милошевиќевите криминалци, но огледалото во кое се огледуваат тие е од Али-експрес и затоа делуваат трагикомично“, заклучува ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy