Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата забрани акции и промоции во маркетите
Економија

Владата забрани акции и промоции во маркетите

14/09/2023

AA

Владата нана денешната седница, како што беше претходно најавено од министерот за економија Крешник Бектеши, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при нивно ставање во промет.

Исклучок ќе бидат единствено алкохолните и безалкохолните пијалоци. 
Одлуката, објаснуваат од Владата, е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година.

„Со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид на продажба на земјоделски и прехранбени производи, исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот, и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи“, соопштуваат од владината прес-служба.

Бектеши денес пред медиумите рече дека ќе може да се продаваат производи на акција единствено ако нивниот рок на употреба е пред истекување, но и дека тоа содржински ќе треба специјално да биде истакнато на продуктите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драматичен пад на нивото на Дунав ја загрозува романската нуклеарка:

11/08/2026
Македонија

ДУИ го кандидара Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

11/08/2026
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44959
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драматичен пад на нивото на Дунав ја загрозува романската нуклеарка: Се продлабочува речното корито за

11/08/2026

Романските власти започнаа итни зафати за продлабочување на коритото на реката Дунав со цел да се зголеми протокот на вода

ДУИ го кандидара Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

11/08/2026

Демократската унија за интеграција (ДУИ) официјално објави дека Аркин Јахији ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy