Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА СО ОБЕМЕН ПЛАН ЗА 2026 ГОДИНА Над 400 страници со рокови и одговорности
Македонија

ВЛАДАТА СО ОБЕМЕН ПЛАН ЗА 2026 ГОДИНА Над 400 страници со рокови и одговорности

03/02/2026

AA

Владата ја усвои Програмата за работа за 2026 година, стратешки и реформски документ кој ги утврдува приоритетите, динамиката и визијата за развојот на државата во наредниот период, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција по завршувањето на владината седница.

– Владата ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година која претставува сеопфатен документ од над 400 страници, со јасно дефинирани приоритети и визија за развојот на државата – изјави Митева, нагласувајќи дека станува збор за мапа на реформите кои директно ќе влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните и функционалноста на институциите.

Според неа, Програмата е структурирана по области кои ги опфаќаат надлежностите и на законодавната и на извршната власт, а целта е јасно планирање на реформските процеси и нивна реализација во конкретни рокови.

– Ова е документ кој ја отсликува нашата визија за реформи, стабилност и европска перспектива на државата – истакна владината портпаролка.

Фокус на образование и здравство

Во делот што се однесува на законодавната власт, како што појасни Митева, фокусот е ставен на секторите каде државата има најголема одговорност – образованието и здравството.

– Предвидени се нови и современи системски закони кои го уредуваат високото и средното образование, научно-истражувачката дејност и педагошката служба, како и унапредување на статусот и професионалниот развој на наставниот кадар – рече таа, додавајќи дека овие решенија се насочени кон квалитет, достапност и одржливост на образовниот систем.

Дигитализација и даночни реформи

Митева нагласи дека Владата силно ја турка дигиталната трансформација, меѓу другото и преку нов Закон за електронска фактура.

– Со овој закон дигитализацијата на даночните процедури станува клучен столб на даночната реформа. Ќе обезбедиме поголема ефикасност, транспарентност и значително намалување на административниот товар за граѓаните и компаниите – изјави таа.

Реформа на правосудството и изборното законодавство

Реформата на правосудството, како што посочи портпаролката, останува висок приоритет.

– Во надлежност на Министерството за правда се предвидени измени на Изборниот законик, со целосно инкорпорирање на препораките од меѓународните мисии, како јасен сигнал за нашата посветеност кон демократски стандарди, фер избори и владеење на правото – рече Митева.

Единствен систем на плати во јавната администрација

Особено значаен сегмент од Програмата е реформата на јавната администрација.

– За првпат се предвидува воспоставување на единствен систем на плати во јавниот сектор. Станува збор за решавање на долгогодишен проблем, каде платите се уредуваат фрагментирано и неусогласено. Новото решение носи правичност, транспарентност и усогласеност со Реформската агенда – нагласи Митева.

Вработување, економија и национално брендирање

Во вториот дел од Програмата, кој се однесува на одлуките и актите на Владата, предвидени се низа програми насочени кон подобрување на животниот стандард.

– За 2026 година е планиран Оперативен план за активни мерки за вработување, усогласен со реалните потреби на пазарот на трудот, со цел зголемување на опфатот на невработени лица и интеграција на ранливите категории – изјави таа.

Дополнително, се отвора и ново поглавје преку национално брендирање на туризмот, економијата и државата.

– Ова е силна можност Македонија да се позиционира како атрактивна туристичка дестинација и стабилна економија со сериозен инвестиционен потенцијал – посочи Митева.

Поддршка за младите лекари и дигитални вештини

Во здравствениот сектор, најавена е подготовка на Стратегија за млади лекари за периодот 2026–2030 година.

– Целта е задржување и мотивирање на медицинскиот кадар, преку системска поддршка, менторство и континуирана едукација – рече Митева.

Таа најави и формирање Центар за дигитални вештини во јавната администрација.

– Дигитализацијата не е проект, туку долгорочен процес. Центарот ќе биде наменет за сите нивоа во администрацијата – од раководни структури до целокупниот административен кадар – истакна портпаролката.

Програма со јасна визија и одговорности

– Оваа Програма е јасен план со визија, рокови и одговорности. Таа ја отсликува политичката волја на Владата за реформи, стабилност и европска иднина – заклучи Митева, додавајќи дека документот ќе биде објавен на веб-страницата на Владата откако ќе ги помине сите владини процедури.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање,

28/07/2026
Македонија

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“

28/07/2026
Македонија

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба

28/07/2026
Македонија

Мицкоски: „Следната недела очекувам намалување на дизелот и бензините“

28/07/2026
Македонија

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“, измамниците

28/07/2026
Македонија

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица додека работела

28/07/2026
Македонија

Исплатени рекордни 560 милиони денари за боледувања во јули –

28/07/2026
Македонија

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44723
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тензии во Парламентот: Законот за правична застапеност „заглавен“ пред гласање, ДУИ се заканува со Бадентер

28/07/2026

Предлог-законот за правична застапеност сè уште ја чека одлуката на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за да биде ставен на

Маларија, западно-нилска треска, денга и зика: Четири опасни заболувања „увезени“ во Македонија

28/07/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) досега евидентираше случаи на дури четири различни вектор-преносливи заболувања во земјава. Заклучно со последните податоци,

Прв потежок случај: Пациент со западно-нилска треска во критична состојба и приклучен на респиратор

28/07/2026

Повозрасен пациент кај кој е потврдено присуство на западно-нилска треска се наоѓа во животозагрозувачка состојба. Станува збор за 76-годишен скопјанец

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy