Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истражната постапка заврши, но европските пари за земјоделците сè уште замрзнати
Македонија

Истражната постапка заврши, но европските пари за земјоделците сè уште замрзнати

03/02/2026

AA

И покрај тоа што истрагата за злоупотреба на ИПАРД-средствата е завршена и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција веќе поднесе обвинение, европските пари наменети за земјоделците сè уште се замрзнати. Инвестициите што беа планирани преку оваа програма остануваат неизвесни, бидејќи земјоделците претходно мораа самостојно да обезбедат половина од средствата за да можат да ги добијат преостанатите 50 отсто од ИПАРД.

Главниот ревизор за ИПА-средствата, Милаим Абдураими од Државниот завод за ревизија, за медиумите изјави дека ИПАРД-средствата сè уште не се одблокирани. Тој појасни дека контролата на начинот на исплата и утврдувањето на слабостите во системот, која паралелно со истрагата ја спроведува Министерството за финансии, е при крај и се очекува средствата наскоро да бидат ослободени.

По избувнувањето на скандалот со примање мито, во кој е инволвиран сега обвинетиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилов, кој беше фатен во ноември, Министерството за финансии започна контрола на системот за исплата. Контролата била покрената самоиницијативно, а не по барање на Европската Унија, со цел да се утврдат слабостите во постапката.

И покрај тоа, средствата и до денес остануваат замрзнати.

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК поднесе Обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против едно лице за кривичните дела „Давање поткуп“ и „Давање награда за противзаконито влијание“, против три лица за „Примање награда за противзаконито влијание“, како и против директорот на Агенцијата, Илија Стоилов, за кривичното дело „Примање поткуп“.

Според обвинението, првообвинетиот, како управител на кривично одговорно правно лице, аплицирал на јавен повик на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и поднел барање за користење средства од ИПАРД-програмата. Бидејќи правното лице не ги исполнувало пропишаните услови, апликацијата била пониско рангирана и не ги исполнувала критериумите за финансиска поддршка.

Со цел апликацијата неосновано да биде повисоко рангирана и побараниот износ целосно одобрен, управителот во повеќе наврати ветувал и давал пари. На раководно службено лице во Агенцијата му бил ветен подарок од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени по 5.000 евра за да го искористат своето влијание и службена положба при носењето на одлука што не смеела да биде донесена.

Обвинителството информира дека во текот на истрагата е утврдена кривична одговорност и кај уште четири државни службеници вработени во Агенцијата, против кои е поднесен Обвинителен предлог за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. На кривично одговорното правно лице, пак, му се става на товар делото „Давање поткуп“.

Според обвинението, службените лица, постапувајќи спротивно на своите законски обврски, овозможиле незаконско одобрување на апликацијата, при што извршиле погрешна пресметка на исполнетоста на условите и донеле решение врз основа на некомплетна документација.

Второобвинетиот, иако бил свесен дека правното лице не ги исполнува законските услови, го потпишал решението со намера да го прими ветениот подарок.

Поради тоа што и понатаму постојат законските основи, со обвинението до судот е поднесен и предлог за продолжување на мерките притвор за четворица обвинети, како и куќен притвор за едно лице. За обвинетите државни службеници е предложено изрекување мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за вршење службени активности, одземање патни исправи и обврска за повремено јавување кај надлежен орган.

Со Обвинителниот акт е предложено и одземање на предметите употребени при извршување на кривичните дела, односно мобилни телефони, дигитални медиуми и парични средства во износ од 35.370 евра, 206.000 денари и 200 швајцарски франци.

Од прибраниот доказен материјал произлегле и индиции за постапување со средства од ИПАРД-програмите, поради што ОЈО ГОКК отвори предистражна постапка која сè уште е во тек.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy