Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ – не ги исполниле зацртаните цели
Економија

ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ – не ги исполниле зацртаните цели

19/03/2025

AA

Владата бара разрешување на четворица членови на Комисијата на Агенцијата за пошти. До Собранието веќе е испратен предлог за нивно разрешување поради како што е наведено „неисполнување на очекуваните цели и резултати“. 

Во документот доставен во Собранието се посочува дека се разрешуваат досегашните членови на Комисијата на Агенцијата за пошти: Ѓорѓи Михаилов, Андреј Јосифовски, Владимир Кироски и Борче Груевски. 

Оваа комисија брои пет члена, а петтиот член не се разрешува бидејќи му истекол мандатот.

– Мандатот на членот на Комисијата Суад Бајрами му престана на 15.01.2025 година заради истек на времето за коешто беше избран согласно Законот. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија” – се наведува во документот доставен до пратениците. 

Потоа е посочено дека Собранието на седницата оддржана на 13 февруари 2025 година го донела Законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги со кој се предвидени услови за разрешување на членовите на Комисијата. 

– Според член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, насловот на членот 17 и членот 17 се менуваат и гласат: Престанок на мандат и разрешување на член на Комисијата. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, во случај Агенцијата да не ги постигнува очекуваните цели, приоритети и резултати, а кое може да се утврди од годишниот извештај за работа на Агенцијата се разрешуваат сите членови на Комисијата – се појаснува во документот.

Воедно е посочено дека Собранието на седница одржана на 10 март 2025 година го разгледа Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2024 година и констатирано е дека Агенцијата за пошти во 2024 година не ги реализирала активностите за подобрување на квалитетот на услугите и сузбивање на нелојалната конкуренција.

– Собранието цени дека Агенцијата за пошти во 2024 година не ги постигнала очекуваните цели, приоритети и резултати. Овој заклучок заедно со Извештајот на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е доставен до Владата, Министерството за транспорт и Агенцијата за пошти. Имајќи ги во предвид горенаведените причини, Комисијата за прашања на изборите и именувањата му предлага на Собранието да донесе Предлог одлуката за разрешување на членовите на Агенцијата за пошти – се истакнува во документот кој е во Собрание. 

Четворицата членови кои се разрешуваат се избрани од претходната владејачка гарнитура. Тројца од нив продолжување на мандатот добиле во 2022 година, со што им останувале уште три години од мандатот како членови на Комисијата. Еден од члновите кои се разрешуваат го добил мандатот во 2023 година и имал уште четири години. Според закон, членовите на комисијата добиваат мандат од пет години, и имаат право на два последователни мандати.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ СО ГОДИНИ МОЛЧЕЛ ДЕКА ПЕТРОВСКА НАБАВИЛА ЗА 37 МИЛИОНИ

05/10/2026
Македонија

ВО ИНТЕРЕС НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

05/10/2026
Македонија

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО

05/10/2026
Македонија

ОВА Е ФАРСА, КОСКИТЕ НА САМУИЛ СЕ ОДНЕСЕНИ ВО СОФИЈА

04/10/2026
Македонија

НА ПОВИДОК ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА ТРАМПАТА ЗА КОСКИТЕ НА ЦАР

04/10/2026
Македонија

ЈОТОВА НЕ ОДГОВОРИ ДИРЕКТНО ДАЛИ ЌЕ ИМА СРЕДБА МУЦУНСКИ-ПЕТРОВА Бугарија

04/10/2026
Македонија

НЕ КУПУВАЈТЕ ОГРЕВНИ ДРВА ОД ДРВОКРАДЦИ! Така го поттикнувате пустошењето

04/10/2026
Македонија

ЗНАМ ГИ ПОДДРЖУВА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Димитриевски вели дека притоа

04/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45977
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ СО ГОДИНИ МОЛЧЕЛ ДЕКА ПЕТРОВСКА НАБАВИЛА ЗА 37 МИЛИОНИ ЕВРА ПОСКАПИ ХЕЛИКОПТЕРИ Тој е

05/10/2026

Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата

ВО ИНТЕРЕС НА САД Е МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ Оценка на кандидатот на Трамп

05/10/2026

Во интерес на САД е Македонија да успее да се приклучи кон Европската Унија – оцени кандидатот за нов амбасадор

📷 БОГАТИ АРХЕОЛОШКИ НАОДИ ОТКРИЕНИ ВО НЕКРОПОЛАТА РЕСНИЦА ВО СТРУШКО Штит, шлем, копја, меч, предмети

05/10/2026

Богато војничко погребување со штит, шлем, копја, меч и предмети од злато, бронза и килибар е најновото исклучително откритие на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy