Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата наплатила 16,3 милиони евра од 5Г-мрежата
Економија

Владата наплатила 16,3 милиони евра од 5Г-мрежата

08/06/2023

AA

Владата минатата година наплатила 16,3 милиони евра еднократно од двата најголеми мобилни оператори, по доделувањето на лиценците за 5Г-мрежата, пишува во годишниот извештај за 2022 на Агенцијата за електронски комуникации. Од секој од нив бил наплатен точно по половина – 8,15 милиони евра, пари кои потоа завршиле во владиниот буџет, по што немаше отчет за што ќе бидат потрошени.

Лиценците се со важност од 2022 до 2037 година, а двата оператори ги добиле за прв пат. На 21 јуни 2022 Владата се согласила со предлогот на АЕК еднократно по 5,25 милиони евра да се наплатаат фреквенциите А2 713-723/768-778 MHz и А3 723-733/778-788 MHz 5.25 милиони евра и по 2,9 милиони евра да се наплатата фреквенциите B2 3.6-3.7 GHz и
B3 3.7-3.8 GHz.

„Согласност од Владата беше побарана на 23.05.2022 година, а Владата
донесе одлука за давање на согласност на 21.06.2022. На 30.06.2022 година
е доставено известување до операторите за висината на еднократниот
надоместок што треба да го уплатат врз основа на донесената одлука на
Директорот на АЕК и добиената согласност од Владата.
Врз основа на известувањето до операторите за висината на еднократниот
надоместок што треба да го уплатат врз основа на донесената одлука на
Директорот на АЕК и добиената согласност од Владата, операторите
извршија уплата на надоместокот. Секој од операторите уплати по 8.15
милиони евра на сметката на Буџетот на РМ. На 08.07.2022 година се
издадени одобренија за користење на радиофреквенции на постоечките оператори“, пишува во објавениот извештај на регулаторот.

Според објавеното, иако имаше таква комбинација, по интервенција на Комисијата за заштита на конкуренцијата, не учествувал трет оператор со искажан интерес за уште еден фреквенциски опсег. Повикот првично беше објавен уште во 2021, но истата година во септември Владата, иако претходно првично го одобри предлогот на АЕК, во септември истата година го стопираше со одлука со објаснување дека плаќањето треба да биде еднократно, а не на рати.

Интерес за тендерот за фреквенции за 5Г мрежа првично изразија четири компании. Тие бараат да платат помалку пари за користење на фреквенциите и подолг рок на користење за да им се исплати инвестицијата, според претходните коментари во отворената расправа за сумата. 

Со терминот 5Г се означува петтата генерација на мобилни телекомуникациски врски, која треба да овозможи побрз интернет и можност за поголемо поврзување на уреди. Технологијата која има од 10 до 1000 пати поголема брзина од досегашната 4Г мрежа ќе може да се користи и за професионални и за аматерски цели.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на почетокот од минатата година го блокираше тендерот на Агенцијата за електронски комуникации, одобрен од Владата, за 5Г-мрежата, затоа што условите за третиот предвиден оператор кој требаше да влезе на домашниот пазар биле неконкурентни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy