Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река во Кичево
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река во Кичево

16/02/2026

AA

По излевањето на Зајаска Река, Кичево ги санира штетите од новите поплави што настанаа поради обилните врнежи од дожд. Над 60 семејства повторно останаа без покрив над главата вторпат овој месец откако водата ги поплави нивните домови.

Околу 250 лица, односно 63 семејства, се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Станува збор за граѓани чии куќи беа зафатени од поплавите во текот на вчерашниот ден, кога силните дождови го погодија не само Кичево, туку и повеќе делови од државата. Условите во салата се отежнати – има само два тоалета, еден машки и еден женски, а семејствата немаат соодветни услови за одржување лична хигиена.

Жителите сведочат дека водата за кратко време навлегла во домовите, носејќи покуќнина и оставајќи големи штети. Според информациите од терен, во некои куќи нивото на водата достигнало и до два метри.

Од локалната власт информираат дека до крајот на денот ќе биде обезбедено решение за подобрување на условите во спортската сала. Ќе бидат ангажирани хигиеничарки од Општина Кичево, а ќе се спроведе и дезинфекција и дезинсекција, како и при претходните поплави. Вклучени се и тимови од Општата болница и од Здравствениот дом, кои ќе постапуваат по повик и потреба.

Засега не е познато колку долго граѓаните ќе останат сместени во салата. При претходните поплави таму престојувале една недела, но според првичните проценки, овојпат можно е сместувањето да трае и до две недели поради обемот на штетите.

Надлежните служби работат со целокупната расположлива механизација. На терен се ангажирани повеќе од 30 камиони и десетици багери и градежни машини од општината, јавните претпријатија, противпожарната единица и приватни компании.

Улицата „Прилепска“ и денеска е една од најкритичните точки во градот. Иако дел од водата се повлече, жителите сè уште ја исфрлаат водата од своите домови. Дополнителна загриженост предизвикуваат најавите дека врнежите ќе продолжат и во текот на целата седмица, што дополнително ја отежнува состојбата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45588
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со забрана и тројца пијани

09/09/2026

Полицијата во изминатото деноноќие санкционирала сериозни прекршоци во сообраќајот, при што 21 возач бил лишен од слобода поради сомнение за

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy