Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СТАГНИРА: МОРА да се дејствува решително
Економија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СТАГНИРА: МОРА да се дејствува решително

08/06/2023

AA

Германската економија стагнира

Светската економија полека закрепнува од стагнацијата во синџирите на снабдување и поскапувањето на енергенсите, објави Организацијата за економска соработка и развој.

Истовремено, таа оцени дека германската економија стагнира.

Цените на енергијата и вкупната инфлација паѓаат на глобално ниво, тесните грла за снабдување се намалуваат, а финансиската состојба на домаќинствата станува постабилна, објави во средата во Париз ОЕЦД.

Според најновата прогноза на ОЕЦД, годинава се очекува глобален економски раст од 2,7 отсто, а следната година 2,9 отсто. Ова е сè уште значително под десетгодишниот просек пред пандемијата, а патот до силен и одржлив економски раст е сè уште долг.

Германската економија оваа година најверојатно ќе стагнира, додека следната година ќе порасне за 1,3 отсто, соопшти ОЕЦД. Високата инфлација ги намалува приходите и ги топи заштедите и ја задушува личната потрошувачка, која е важен столб на германската економија.

Закрепнувањето на економијата во Германија ќе го зголеми извозот – заостанатите нарачки, кои се многу, се исполнуваат, а проблемите со синџирите на снабдување се олеснуваат.

ОЕЦД предупреди дека креаторите на политиките ширум светот мора да дејствуваат решително со цел да постигнат посилен и поодржлив раст преку мерки на економската и структурната политика.

Сепак, ова ќе биде тешко бидејќи инфлацијата е сè уште премногу цврсто закотвена, задолжувањето е превисоко, а производниот потенцијал е премногу низок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ ГИ ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ Европратеникот Вајц

25/09/2026

Ефектите од глобалното затоплување нè погодуваат сите подеднакво, а тоа особено се чувствува во земјоделството, рече европратеникот и постојан известувач

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560 оператори, изречени казни од 19.430

25/09/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при 560 вонредни инспекциски контроли кај производители на сладолед и мраз, како и во

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Софија одговори на идејата

25/09/2026

Пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy