Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата му крои список со советници на Мицкоски
Економија

Владата му крои список со советници на Мицкоски

18/09/2024

AA

По примерот на претходните влади и премиерот Христијан Мицкоски ќе има свои надворешни советници, кои ќе бидат хонорарно платени за да соработуваат со претседателот на Владата.

Од она што го дознаваме, дел од советниците ќе бидат професорите од правниот факултет „Јустинијан Први“ – Александар Спасеновски и Лазар Јовевски. Спасеновски е професор по уставно право и поранешен пратеник, кој сам ни ја потврди информацијата.

– Знам дека досега се избрани неколкумина, но не ги знам имињата на преостанатите. Јас ќе бидат хонорарно ангажиран како надворешен советник за европски интеграции, а за другите не би можел да кажам, ни рече Спасеновски.

Јовевски како професор по трудово право му беше советник на Мицкоски како стратешки соработник во рамки на партијата. Од партиската листа на стратешки соработници Гордана Сиљановска Давкова стана претседател, Сања Божиновска и Борко Ристовски станаа министри за енергетика, односно за спорт, додека Александар Климовски доби позиција директор во АД Државна лотарија.

Во моментов не е познато колкава ќе биде листата на советници, а од Владата единствено ни одговорија дека тимот уште се комплетира и дека ќе биде објавен пред јавноста кога ќе биде целосен.

На интернет страницата на Владата и натаму стојат 15-те поранешни надворешни соработници на претходниот премиер Димитар Ковачевски, меѓу кои најплатени се Зоран Верушевски, Ели Бојаџиеска-Ристовски и Елена Оранска Петковска со над 70.000 денари месечни примања. Едно време Ковачевски имаше 8 соработници и 35 надворешни советници.

На веб сајтот ја има само листата на 29-те редовно вработени административни службеници во канцеларијата на премиерот Мицкоски.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45002
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

13/08/2026

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

13/08/2026

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy