Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА – парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција
Економија

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА – парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

09/06/2023

AA

Државата, односно
Владата, му префрла 3,3 милиони евра на новоформираното претпријатие НОМАГАС,
со цел тоа да има пари да ја плати експропријацијата, но и сите трошоци околу
оваа постапка, за земјиштето за Интерконекторот за гас што ќе се гради меѓу
Македонија и Грција.

Ове пари се одобруваат во
форма на емисија на акции кои ги издава НОМАГАС, а како купувач на хартиите од
вредност се јавува Владата, со што всушност се зајакнува вредноста на ова
акционерско друштво во сопственост на државата.

НОМАГАС за оваа емисија
на акции вредна 3,3 милиони евра ја извести Берзата преку објава, и во неа се
точно наведени деталите на емисијата, за која се вели дека е втора емисија на
хартии од вредност, од причина што како прва емисија се сметало спојувањето
меѓу АД НЕР и ГА-МА, откако државата го откупи уделот од „Макпетрол“ во тоа
претпријатие. Спојувањето и официјално се случи на крајот на минатата година.  

„Ве известуваме дека АД
за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во
државна сопственост, во изминатиов период резлизираше втора емисија на хартии
од вредност, по пат на приватна понуда. Таа е спроведена врз основа на одлука
за зголемување на основната главнина со влогови преку издавање на нови акции
врз основа на втора емисија по пат на приватна понуда, донесена од Владата, во
својство на Собрание на акционери на НОМАГАС АД Скопје. Втората емисија е
одобрена со решение од Комисијата за хартии од вредност од 24 април оваа
година.

Од понудени 33.108
обични акции, продадени се сите, во вкупен износ од 3.310.800 евра во денарска
противвредност, со што продажбата е реализирана со процес на реализација 100
отсто. Хартиите од вредност се регистрирани во Централниот депозитар за хартрии
од вредност на 5 јуни оваа година, а еден ден потоа е доставено известувањето
до КХВ“, се вели во Објавата од НОМАГАС испратено до Берзата.

Фактор на оваа тема
разговараше со Бајрам Реџепи, директор на НОМАГАС, кој вели дека на овој начин
практично Владата ја зголемила вредноста на акциите на ова АД во државна
сопственост.

„Практично на овој
начин, преку емисијата на нови акции, државата префрла буџетски средства во АД
НОМАГАС, а причината за тоа е да се обезбедат средства за експропријација на
земјиштето за изградба на Интерконекторот кон Грција“, објаснува Реџепи за Фактор.

Според него, станува
збор за земјиште во реонот од Неготино до Гевгелија каде што ќе се гради
Интерконекторот, во должина од 68 километри. Тука има околу 600 парцели, и
отприлика околу 1.000 сопственици на тоа земјиште.

Инаку, како што
објаснува Реџепи, изградбата на Интерконекторот се одолговлекува во однос на
она што беше првично предвидено, а главна причина за тоа е фактот што наместо
да се гради само гасовод, по тој цевковод ќе може да се трансппортира и
водород, а не само гас.

„Ова се прави од причина
што после 2050 година веќе нема да се употребува природниот гас, туку него ќе
го замени водородот, па затоа не се исплатува тој цевковод да се гради само за
26 години, бидејќи самото времетраење на Интерконекторот е предвидено да биде
многу подолго, и од тие причини сакаме да го направиме преку него да може да се
пренесува и водород“, објаснува Реџепи.

Од причина што е
планирано изградбата на Интерконекторот да почне од крајот на оваа година,
НОМАГАС уште сега ја стартува постапката за експропријација на земјиштето, со
цел да биде решен најголемиот дел од парцелите до крајот на годинава, за потоа
да не се случи градбата да почне, а се уште да постојат нерешени проблеми кои
би ја одолговлекувале изградбата, и земјава да не се доведе во ситуација поради
тоа да плаќа пенали.

Инаку, Реџепи објаснува
дека овие 3,3 милиони евра кои ги дава Владата за експропријација, всушност не
се само пари кои треба да им се платат на сопствениците на имотите, туку и
средства кои треба да му се платат на Бирото за сусдки вештачења, кое ги прави
проценките, како и трошоците за адвокати, судските трошоци, потоа трошоците за
супервештачењата и слично.

Интерконекторот би
требало да чини околу 80 милиони евра, од кои 15 милиони евра се грант, а за остатокот
ќе се земат поволни заеми од Европската инвестициона банка и Европската банка
за обнова и развој. Но, трошоците за експропријација се обврска на нашата
држава и таа мора нив да ги подмири.

Интерконекторот кон
Грција треба да и обезбеди на земјава повеќе извори за снабдување со гас, со
цел таа да не биде зависна само од рускиот, туку да може да го користи и гасот
од Азербејџан или од LNG терминалите.

Н.Н.Ф.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41543
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на

17/02/2026

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите ги оставија без покрив над

17/02/2026

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy