Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВЛАДАТА БАРА СОВЕТНИК ЗА ПРЕМИЕРОТ – платата воопшто не е за потценување, но има една „финта“
Економија

ВЛАДАТА БАРА СОВЕТНИК ЗА ПРЕМИЕРОТ – платата воопшто не е за потценување, но има една „финта“

15/05/2025

AA

Владата бара
кандидати за советување на премиерот на теми од областа на административните
прашања. Платата која ја најавуваат воопшто не е за потценување, имајќи ги
предвид платите во приватниот сектор, но има една „цака“. 

Огласот кој веќе
поставен на веб страната на Владата на Македонија, и кој важи уште три дена е
интерен оглас и е наменет за унапредување на административен службеник во
канцеларијата на претседателот на Владата.

Примањата, како
што е објавено во огласот ќе надминуваат 45 илјади денари, а работното место за
кое е објавен огласот е Државен советник за стручно административни прашања.

За оваа позиција
се бара еден извршител, кој мора да има високо образование од областа на
општествените науки, но се бара да има шест години работно искуство во струката
и најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор.

Кандидатите кои сакаат да го советуваат Премиерот мора да имаат солидно познавање на еден од трите светски најчесто
користени јазици, а плата како што е наведно во огласот, ќе изнесува точно 45.530 денари.

Идниот советник според објавата мора да ги исполни
и вообичаените услови за работа во администрација а тоа се: да е државјанин на Македонија
и активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа
здравствена способност за работното место, но и да нема судска пресуда забрана за
вршење професија, но и други услови.

Според огласот, неговото работно време ќе биде вообичаено како и за останатите административни работници, поточно работно време ќе му биде од понеделник до петок, 40 работни часови и ќе почнува некаде
меѓу 07:30-8:30 и ќе трае до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден
од осум часа.

– 
На
интерниот оглас можат да се пријават вработени во Канцеларијата на
претседателот на Владата кои ги исполнуваат општите услови и посебните услови
за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за
административни службеници и правилникот за систематизација на работни места во
Канцеларијата на претседателот
– се наведува во објавата.

Воедно тие со пријавата кандидатите можат да
приложат и потврди за успешно реализирани обуки и/или потврди за успешно
реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

– 
Во
пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да
потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на
оригиналот – е напоменато во огласот.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето

06/10/2026
Македонија

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди

06/10/2026
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
Македонија

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“

06/10/2026
Македонија

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46015
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето на пасошот на бизнисменот Марковски?

06/10/2026

Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата д лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди 470 милиони денари за довршување

06/10/2026

Изградбата на затворениот базен во Охрид ќе продолжи по речиси 11 години од почетокот на проектот, откако Владата на денешната

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен во Липково

06/10/2026

Шеесет и петгодишен жител на Арачиново бил приведен вчера во Липково откако со товарно возило превезувал дрва без жиг, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy