Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина Мангова во Лондон
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина Мангова во Лондон

17/02/2026

AA

Екс-министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, е предлогот на Владата за нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел, пишува телевизија Сител од свои извори. Муртезани е дел од листата со девет нови амбасадорски имиња кои поминале на денешната владина седница.

Според изворите, за нов амбасадор во Лондон е избрана Илина Мангова, која доаѓа со богато искуство од раководството на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Останатите кандидати се главно дипломати од кариера со долгогодишен стаж во Министерството за надворешни работи (МНР).

Меѓу нив е и Линда Салиеска Иљазоска, актуелен дел од кабинетот на министерот Муцунски, која со своите 20 години дипломатско искуство е предложена за амбасадорка во Хаг.

Списокот е веќе усогласен меѓу претседателката Сиљановска-Давкова, Владата и МНР.

Покрај амбасадорите, именувани се и нови конзули за претставништвата во Мелбурн и во Солун.

Пред и официјално да заминат на своите мисии, сите деветмина кандидати ќе мора да ги претстават своите планови пред собраниската Комисија за надворешна политика, по што следи потпишувањето на указите од страна на претседателката. На истата собраниска процедура чекаат и претходно утврдените имиња за Тирана, Токио, Киев и Копенхаген.

Со овие именувања, бројот на дипломати испратени во мандатот на министерот Муцунски ќе достигне 18. Од нив, дури 11 се професионални дипломати од кариера, со што се исполнува законската обврска за професионализација на дипломатската мрежа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy