Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата ја корегираше листата на основните прехранбени производи кои ќе бидат со  5% ДДВ
Македонија

Владата ја корегираше листата на основните прехранбени производи кои ќе бидат со 5% ДДВ

10/10/2023

AA

На денешната владина седница, донесена е измена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, а која беше усвоена на 28 септември 2023 година со која се допрецизираат неколку тарифни броеви кои во пракса создадоа дилема во примената на повластената стапка од 5%, поради поголемиот број на производи по ист тарифен број.

Со оваа измена, урдата, замрзнатото тесто, црвениот бибер и црвениот пипер, бебешките каши, адаптирано млеко за доенчиња, додатоци за исхрана за опаднат имунитет, хербалните чаеви, наполитанките и вафлите, растителниот кашкавал, останати одредени видови кашкавали, лутеница и конзервирано цвекло и феферони, се производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5%.

Со оваа одлука воедно се овозможува поддршка на домашната економија, односно домашните компании кои произведуваат дел од овие производи, како и заштита на стандардот на граѓаните.

Измените кои Владата ги усвои на денешната седница ќе се применуваат од 13.10.2023.

Министерството за финансии и Владата во креирањето на политиките и нивната примена се во постојана комуникација со бизнис заедницата и отворени се за сугестии и предлози. Процесот на утврдување на оваа одлука, исто така, се водеше низ транспарентен и инклузивен процес и беше споделена листата со производи кои ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ пред 9 месеци, уште во јануари со бизнис заедницата, преку стопанските комори за тие да можат да достават свои предлози. Одлуката се донесе на седница на Владата на 28 септември и стапи во сила на 2 октомври кога започна со примена, но поради утврдените недоследности во примената кај дел од производите се укажа потреба од измена на Одлуката која беше направена во најкус можен рок.

Република Северна Македонија останува со најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од неа се оданочуваат со најниска повластена стапка од 5%. Односно Примената на најниската повлатена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи.

Одлуките за примена на повластена стапка на ДДВ произлегоа од измените на Законот за данок на додадена вредност и се со цел заштита на стандардот на граѓаните, заштита на здравјето на граѓаните и оданочување со праведна даночна стапка на прехранбените производи. Дополнително со усвоените законски измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност се извршија и останати усогласувања со Директивата на ЕУ за ДДВ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45927
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ Обвинителството бара да му биде

01/10/2026

Нова истрага е отворена против Дејан Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, овојпат за давање поткуп на службено лице

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy