Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Формиран Фискалниот совет, Глигор Бишев е назначен за претседател
Економија

Формиран Фискалниот совет, Глигор Бишев е назначен за претседател

10/10/2023

AA

Министертсвото за финансии објави дека е формиран Фискалниот совет, односно независното тело кое ќе ги надгледува макроекономските и фискалните политики во земјава, како и тоа дека станува веднаш оперативен. 

– Воспоставувањето на Фискалниот совет е со цел зајакнување на системот, а е дел од поширока реформа за здрави и одржливи буџетски и макроекономски политики, посочи денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими, кој се сретна со членовите на Советот, по одржувањето на конституитивната седница седница.

За претседател на ова тело едногласно е избран за претседател професорот и поранешен генерален директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев. 

Првиот состав на Фискалниот совет го сочинуваат: академик Абдулменаф Беџети, предложен од МАНУ, Марина Трпеска, редовна професорка на Економскиот факултет на УКИМ, предложена од Државниот завод за ревизија како и самиот Бишев по предлог на Народната банка. 

Во оваа насока наскоро ќе се одржи и состанок на кој во фокусот ќе биде подготовката на Буџетот за 2024 година, што ќе биде прв предизвик за тројцата именувани членови.

„Фискалниот совет е дел од големата реформа во јавните финансии, каде независно тело ќе го надгледува спроведувањето на таргетите, оценува макроекономската поставеност и политиките кои се спроведуваат. Но, Фискалниот совет е важен сегмент од поставувањето на нов и подобар систем на јавните финансии, додека реформите предвидуваат и фискални правила, интегриран систем на јавни финансии, мерење на резултатите и голем број на други реформи кои ќе ја зацврстат структурата и ќе придонесат кон фискална одржливост.“, посочи Бесими.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно

11/08/2026
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44957
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пред пописот во Австралија, македонските заедници со повик за јасно изјаснување на потеклото

11/08/2026

Македонските организации, епархии и црковни општини во Австралија упатија заеднички апел до сите наши иселеници за масовно, јасно и достоинствено

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy