Влада: Предвремени избори се само дополнителен трошок
Владата останува на ставот дека не треба да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври идната година, истакна портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. „Како Влада остануваме на ставот дека предвремени избори се само дополнителен трошок“, одговори Митева.