Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Влада: Од понеделник се пушта вода низ цевководот до посевите во Росоман и Градско Inbox
Македонија

Влада: Од понеделник се пушта вода низ цевководот до посевите во Росоман и Градско Inbox

30/07/2023

AA

Системот за наводнување Макарија е саниран, проблемот со оштетување е надминат, земјоделците во Росоман од утре ќе имаат вода. Благодарение на брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД Водостопанство, професорите од Градежниот факултет во Скопје, изведувачот како и поддршката од локалната самоуправа, за многу кус период од месец и половина изнајдено е решение за дефектот на системот за наводнување.

Владата на Република Северна Македонија, на една од минатите седници го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да достави предлог измена на Програмата за водостопанство, со што се обезбедија потребните над 1,3 милиони евра за санација на проблемот.

Владата на Република Северна Македонија успеа да обезбеди ефикасно наводнување на земјоделските површини со цел да се запази сезоната за наводнување и очекуваниот принос на земјоделските култури.

Се работи за непристапен терен, за систем за наводнување кој е оставен на забот на времето над 50 години.

Со цел да им се надомести штетата, за земјоделците од Росоман и Градско, предвидено е обештетување за настанатите штети на овошните насади поради дефектот на системот за наводнување Макарија.

Земјоделците деновиве треба да се пријават во општинските комисии за проценка на штетите од сушата и неостварените приноси, а потоа врз основа на тие податоци Владата ќе донесе одлука за обештетување.

Земјоделците од Росан навреме ги добија субвенциите, односно 290 милиони денари, во еден ден беа префрлени на сметките на 10.604 производители кои се занимаваат со овоштарство.

Овоштарството е наша важна земјоделска гранка. Оваа година за прв пат започнува авансната исплата на субвенциите, со што производителите на праски до крај на годината ќе добијат уште една финансиска поддршка од 12.000 денари по хектар како дел од новиот модел на брза и ефикасна исплата на субвенциите. Наместо во 2024 година овие пари земјоделците ќе ги добијат до крајот на 2023 година.

Дополнително, согласно новата Програма за откуп на свежо овошје и зеленчук, од минатата недела, за 38.000 деца од сите градинки во државава, веќе тече дистрибуцијата на 880.000 килограми свежо овошје. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм свежо сезонско овошје од прва класа. Ова е уште една поддршка за производителите на праски од Росоман, што има позитивно влијание во делот на откупот.

Со цел да имаат помали производствени трошоци, во најскоро време, ќе се дистрибуираат и картичките за зелена нафта како дополнителна поддршка при што производителите на праски добиваат околу 6.000 денари по хектар финансиска поддршка за зелена нафта.

И во следниот период, продолжуваат капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура, односно на реконструкција и изградба на модерни системи и брани за наводнување. Овие инвестиции значат намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна, влијаат на зголемување на производството на храна и создавање на модерно и европско земјоделство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ ОТКАЧИЛ ДЕЛ ОД КРАН И УСМРТИЛ РАБОТНИК Трагичен случај

22/04/2026
Македонија

Собранието ја изгласа првата фаза за укинување на техничката влада

22/04/2026
Македонија

Следува период на стабилно и потопло време

22/04/2026
Македонија

Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во

22/04/2026
Македонија

Уште еден сведок па во судница ќе се читаат обдукциите

22/04/2026
Македонија

КАМИОН СЕ ПРЕВРТЕ НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Двајца повредени, итната помош

22/04/2026
Македонија

АХВ: Немаме увезено спорна бебешка храна на брендот HiPP во

22/04/2026
Македонија

Трагедија во гостиварско: 48-годишен работник загина при одглавување на заглавена

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42754
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ ОТКАЧИЛ ДЕЛ ОД КРАН И УСМРТИЛ РАБОТНИК Трагичен случај во гостиварско

22/04/2026

Градежен работник настрада за време на градежни работи на приватна куќа во гостиварското село Градец, соопшти Полициското одделение од селото

Собранието ја изгласа првата фаза за укинување на техничката влада

22/04/2026

Со парламентарно мнозинство, денешната седница на Собранието донесе одлука за утврдување на потребата од носење по скратена постапка на Предлог-законот

Следува период на стабилно и потопло време

22/04/2026

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови. Поради продор на постуден воздух на повисоките

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy