Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Виктор Андонов: Нас не треба да не засегнува колку ќе чини „Чебрен“
Економија

Виктор Андонов: Нас не треба да не засегнува колку ќе чини „Чебрен“

26/09/2023

AA

Виктор Андонов, советникот за енергетика во кабинетот на премиерот, во последните 20 години е вклучен на разни нивоа во сите 14 обиди да се пронајде приватен партнер за изградба на проектот „Чебрен“.

Владата веќе објави дека за концесионер е избран конзорциумот Паблик пауер корпорејшн – Архиродон, кои имаат големо искуство во овој енергетски сектор. Проценетата вредност на инвестицијата е околу една милијарда евра, а предвидениот рок за нејзино завршување е 7 години. 

Во последниот повик, во чија комисија членува самиот Андонов, што беше објавен во 2020, дилема во јавноста предизвика сумата од 570 милиони евра за истата моќност од 333 мегавати на хидроцентралата. Андонов, кој изминатите денови предаваше на интерактивен семинар за медиумите во организација на Регулаторната комисија за енергетика во Охрид, вели дека во тој период сумите биле проектирани да бидат далеку пониски пред кризата со инфлацијата.

– Јас сум вклучен во овој проект уште од првиот повик во 2003 и тогаш знам дека трошоците беа проектирани на 1 милион евра за 1 мегават. Во меѓувреме помина многу време и имаше 13 неуспешни повици, а при последниот поскапеа многу работи. Треба да се знае дека АД ЕСМ како партнер во акционерското друштво што ќе се формира го дава ХЕЦ Тиквеш како влог и е ослободен од сите други трошоци. Приватниот инвеститор на крајот може ќе треба да потроши и две милијарди, но тоа нас не не засегнува. Ние влегуваме со хидроцентралата Тиквеш, која ќе се приклучи на истиот систем, и чија амортизирана вредност во моментов изнесува да речеме само 20 милиони евра, тврди Андонов.

Неофицијално, Паблик пауер корпорејшн – Архиродон ќе бара меѓународно кредитирање и заем од 700 милиони евра за да може да го изгради системот на Црна Река. АД ЕСМ со учество од 33 отсто во акционерското друштво ќе го даде ХЕЦ Тиквеш, кој има моќност од 100 мегавати.

– Вкупната моќност на „Чебрен“ ќе биде 333 мегавати, а ХЕЦ Тиквеш иако изгледа дека има голем потенцијал, неговата искористеност зависи токму од овој проект. Со почетокот на работата „Чебрен“ ќе се засили и работата на ХЕЦ Тиквеш и ќе биде подобро искористен, смета Андонов.

Советникот во кабинетот на премиерот вели дека иако АД ЕСМ ќе биде малцински сопственик, во договорот со приватниот партнер ќе има заштитни клаузули во меѓусебните односи.

– Во одборот ќе членуваат пет лица, од кои тројца од приватниот инвеститор и двајца од јавниот, но ќе има десетина точки во договорот за кои нема да може да има надгласување. Тоа ќе важи, на пример, за кадровската политика, односно кој да биде вработен, итн, вели Андонов.

Идејата и проектирањето за големиот хидроенергетскиот проект Чебрен започнува со првите физибилити студии во 60-тите години. Досега имало 13 неуспешни тендери во последните 20 години. 

Хидроцентралата Чебрен ќе ја овозможи енергетската транзиција на Македонија кон обновливи извори на енергија, поради нејзината можност да го балансира електроенегетскиот систем. Освен функцијата за производство на електрична енергија, браната ХЦ Чебрен е предвидено да има режим на пумпање и враќање на водата назад на поголема висина, за што на Црна Река е предвидено создавање ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во земјава.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy