Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОДАЖБАТА НА НЕДВИЖНИНИ ОПАЃА: Цените упорно растат, а секој четврти имот го купува странец, пресврт во Загреб, еве ги деталите
Регион

ПРОДАЖБАТА НА НЕДВИЖНИНИ ОПАЃА: Цените упорно растат, а секој четврти имот го купува странец, пресврт во Загреб, еве ги деталите

26/09/2023

AA

Само во Загреб бројот на продажни трансакции е намален за повеќе од 20 отсто, па експертите предупредуваат на потребата од корекција на цените на недвижностите.

Цените на недвижностите низ Хрватска се уште се во пораст. Просечната цена на метар квадратен во Хрватска достигнува 2.326 евра, а во Загреб речиси 2.700.

Поради скапата нова градба, но и нереално високите цени на користените станови, прометот со недвижности бележи пад, пишува ХРТ.

Според податоците на Даночната управа, лани се евидентирани над 72 илјади продажби на станови и куќи, а околу 50 илјади до септември годинава. Само во Загреб бројот на трансакции е намален за повеќе од 20 отсто, па експертите предупредуваат на потребата од корекција на цените на недвижностите.

– Имаме се поголема неусогласеност меѓу бараните и реализираните цени, тоа е показател дека бараните цени се превисоки, апелираме пред се до сопствениците на користени станови да ги намалат своите очекувања бидејќи бележиме пад на прометот од 25 проценти од почетокот на оваа година – изјави агентот за недвижности Лана Михаљинец.

Речиси секој четврти недвижен имот во Хрватска го купуваат странци, но дури и тие почнаа да успоруваат во купувањето.

– Падот на трансакциите се однесува на цела Хрватска, некогаш повеќе, некогаш помалку. Во првата половина од годинава главни купувачи не беа Германците, туку Словенците. Ни се чини дека пазарот ќе продолжи да забавува, не очекува криза, но ќе има корекции на цените, изјави Дубравко Раниловиќ, претседател на Здружението за бизнис со недвижнини во ХГК.

Уште поскапите станбени кредити не им одат добро на купувачите, а проблеми има и во градежништвото со оглед на скапите цени на земјиштето.

Според одобренијата за градба издадени во јули, во Хрватска се градат околу 1150 станови, премалку за сите заинтересирани за кои недвижноста е најпрофитабилна инвестиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
Македонија

СЕ ПРАВАТ НОВИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД Јаневска

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА НИКОЈ НЕМА ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО ЗА КУПУВАЊЕ АВТОМАТИ

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и

30/09/2026

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога, МВР најавува резултати

30/09/2026

Полициска акција за сузбивање на трговијата со дрога се спроведува во повеќе градови низ Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА СКОПЈЕ Македонските судови се главно

30/09/2026

  Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy