Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ Поднесено обвинение и побаран притвор за 31-годишниот охриѓанец
Македонија

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ Поднесено обвинение и побаран притвор за 31-годишниот охриѓанец

16/11/2026

AA

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад врз неговата девојка товарејќи го за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Од Обвинителството информираа дека обвинетиот, при вршење семејно насилство, противправно ја затворил оштетената, физички ја нападнал, ѝ нанел телесни повреди и ја загрозил нејзината сигурност.

– Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена – се вели во соопштението од Обвинителството.

Оттаму дополнуваат дека во текот на денот јавниот обвинител презел повеќе истражни дејствија за целосно расчистување на случајот.

– Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди – посочуваат од Обвинителството.

Заедно со обвинението, Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Охрид доставило и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот.

– Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката – стои во соопштението.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека СВР Охрид поднело кривична пријава против К.К. (31) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Според МВР, на 15 ноември околу 2 часот, по расправија што започнала во неговиот дом и продолжила во автомобил, осомничениот физички ја нападнал својата 26-годишна девојка од Охридско. Откога го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Осомничениот бил лишен од слобода истиот ден во 5:05 часот и задржан во полициска станица.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОХРИЃАНЕЦОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА ДЕВОЈКАТА Судот му одреди мерки за претпазливост

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА ЗАТВОРИЛ, ЈА ТЕПАЛ, Ѝ НАНЕЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ

16/11/2026
Македонија

„СЕЦИРАЊЕТО“ НА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ЌЕ ПРОДОЛЖИ В СРЕДА Еве

16/11/2026
Македонија

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски

16/11/2026
Македонија

ЌЕ СТОРИМЕ СÈ СТОРИТЕЛОТ ДА ОДГОВАРА ПРЕД ПРАВДАТА Мицкоски со

16/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕДВОДНИК ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ Вајц

16/11/2026
Македонија

ДУИ ГО ОВОЗМОЖИ ВЛЕЗОТ НА АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Непријатни

16/11/2026
Македонија

„ВЛИЈАНИЈА ИМАЛО И ЌЕ ИМА, ПРАШАЊЕ Е КАКО ЌЕ СЕ

16/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ БЕЗ ДВОЈНИ

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46795
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„СЕЦИРАЊЕТО“ НА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ЌЕ ПРОДОЛЖИ В СРЕДА Еве што беше кажано на денешната

16/11/2026

Предлог-буџетот за 2027 година ги спротивстави ставовите на власта и опозицијата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. За владејачкото

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПАТОТ КОН ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА Мицкоски на форум во Брисел

16/11/2026

Македонија е силно фокусирана на спроведувањето на реформската агенда, посветено работи на модернизација на институциите и е целосно усогласена со

ЌЕ СТОРИМЕ СÈ СТОРИТЕЛОТ ДА ОДГОВАРА ПРЕД ПРАВДАТА Мицкоски со осуда за нападот врз девојката

16/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство и ветувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy