ДО 15 СТЕПЕНИ, А ПОТОА УТРИНСКИ МРАЗ Викендот носи утринска магла и минусни температури
Времето в четврток, 5 ноември, ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од 1 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец.
До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб локален дожд.
.
Извор: plusinfo.mk