
(ВИДЕО) ТАА Е ЖРТВА НА НЕПРАВДА: Жена со синџир се врза за палма во Сплит
Жена со синџир се врза за палма во хрватскиот град Сплит.
Борбата на Вања Шимлеша почнала пред повеќе од триесет години кога била урната зграда со седум стана за изградба на нова зграда. Вања, денеска, по многу години во судови и со молби, ја донесе својата борба директно пред зградата на градската управа во Сплит, каде што се врза со синџири за палма, пишуваат хрватските медиуми.
„Имав сопствен стан 1/1 во приватна куќа. Градот Сплит ја сруши таа куќа. Мене ми дадоа стан за кој морав месечно да плаќам. Тоа го добив за мојата сопственост“, изјави денеска Вања за „Далмација денес“.
Жената е очајна. Граѓаните коментираат дека жената е стара, изнемоштена, но сепак имала храброст на ваков начин да покаже револт. Тие тврдат дека многу луѓе се жртви на неправда.