Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три бода во натпревар кој заврши со тензии
Македонија

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три бода во натпревар кој заврши со тензии

21/02/2026

AA

Фудбалерите на Вардар запишаа минимална, но значајна победа од 1-0 против екипата на Башкими во рамките на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига. Иако голот на Стефан Цветковиќ ја направи разликата на теренот, финишот на средбата помина во сенка на неспортски сцени и за малку избегнат поголем инцидент.

Натпреварот започна со цврста игра на двете страни, но „црвено-црните“ беа тие кои успеаја да ја искористат својата шанса во најдобриот можен момент. Човек на одлука беше српскиот интернационалец Стефан Цветковиќ, кој во самиот финиш на првото полувреме ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0.

Овој погодок му овозможи на Вардар со предност да замине на одморот, но и психолошка предност за продолжението.

Во второто полувреме гостинската екипа на Башкими тргна по израмнување. Имаа неколку сериозни налети и се обидуваа да го скршат отпорот на вардарци, но одбраната на домаќините остана на висина на задачата. Вардар успешно ги неутрализираше нападите и ја чуваше минималната предност, чекајќи шанса од контранапад.

Наместо мирен крај, последните минути од средбата донесоа зовриена атмосфера. Клучниот момент за ескалација на страстите беше црвениот картон на стоперот на гостите, Реџеп Мурати.

По неговото исклучување, на теренот настана општа турканица меѓу фудбалерите на двете екипи. Тензиите беа на раб на масовна тепачка, но по неколкуминутен хаос, ситуацијата беше ставена под контрола, по што судијата означи крај на овој тензичен дуел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
Македонија

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТ СИ КРЕИРАЛ КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ДА

21/09/2026
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45707
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана на патот Струмица–Берово

21/09/2026

Полицискиот мобилен тим „Task Force“ на БЈБ пронајде марихуана во џип „дачија дастер“ при контрола на паотт Струмица–Берово во источниот

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА 4.346 МЕТРИ Студенти го

21/09/2026

Македонското знаме се развеа на 4.346 метри надморска височина во Колорадо. Двајцата македонски студенти Дарко Најдов и Бојан Блажевски на

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ ровер“

21/09/2026

47-годишен жител на струмичкото село Секирник загинал откако бил удрен од автомобил „ренџ ровер“ на влезот во селото. Несреќата се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy