Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Граѓаните очекуваат реформи и подобар живот
Македонија

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Граѓаните очекуваат реформи и подобар живот

21/02/2026

AA

Владината коалиција функционира одлично и во овој момент нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека главниот фокус на извршната власт остануваат реформите.

Тој рече  дека на ВМРО-ДПМНЕ, по апсолутниот триумф на локалните избори, партиски би ѝ одговарало да се оди на ново соочување со граѓаните, но сепак одговорноста е на прво место.

– За да се распушти Парламентот формално се потребни 61 пратеник, а во моментот не гледам потреба за одржување предвремени парламентарни избори. Од она што го разговарам со меѓународната заедница, но и со граѓаните, тие од оваа Влада очекуваат реформи и тоа е нашиот главен фокус и приоритет, реформи и испорака – рече Мицкоски.

Сепак, додаде тој, како најголема партија, треба да се однесуваме одговорно.

– Приоритетот е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните – рече Мицкоски.

На новинарско прашање дали актуелниот министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ќе биде разрешен од функцијата, бидејќи изјави дека планира да формира сопствена политичка партија, Мицкоски рече дека не е информиран за тоа.

Во однос на изборот на нов државен јавен обвинител, премиерот информираше дека сè уште нема конечна одлука и дека јавноста навремено ќе биде известена.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy