Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА ДЕВОЈКА Се изживувал 15 часа во заклучена соба!
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА ДЕВОЈКА Се изживувал 15 часа во заклучена соба!

21/02/2026

AA

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, извршил семејно насилство, така што ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка, се вели во информацијата од ЈО.

Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.

Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44700
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната за пиење останува до утре

27/07/2026

И вториот последователен примерок од водата во Крушево покажа дека таа е бактериолошки исправна и има соодветен резидуален хлор, но

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy