Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Судир на два авиони Алфа Џет за време на тестот Patrouille de France!
Македонија

ВИДЕО: Судир на два авиони Алфа Џет за време на тестот Patrouille de France!

25/03/2025

AA

Два авиона од типот Алфа Џет од составот на елитната акро-група денес, на 25 март, се судрија за време на тренажен лет над воената база Сен-Дизије 113 во источна Франција, соопшти Министерството за вооружени сили на Република Франција.

Инцидентот се случил околу 15:35 часот за време на вежба во која учествувале шест авиони, како подготовка за претстојниот јавен настап. Според снимката што кружи на социјалните мрежи, леталата изведувале акробација испуштајќи чад во боите на француското знаме, кога два авиона се судриле во воздухот, по што паднале на земја. Францускиот министер за вооружени сили Себастијен Лекорну ја потврди несреќата и изјави дека „сите служби за итна помош се мобилизирани“, додека акцијата за спасување и згрижување се одвива во координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за вооружени сили.

Сите тројца членови на екипажот – двајца пилоти и еден патник – успеале да се катапултираат и биле пронајдени во свесна состојба. Двајца се пренесени во локална болница, додека третиот е под надзор на воената медицинска служба. Нивната состојба е опишана како „релативно стабилна“.

Едниот авион паднал врз силоси на компанијата за производство на бетон Calin, во непосредна близина на базата, при што избувнал пожар. Другиот авион завршил во ближен канал. Противпожарните и спасувачките екипи сè уште се на терен. Засега нема информации за повредени на земја, ниту за материјална штета, а надлежните сè уште не објавиле дали планираните настапи на Patrouille de France ќе бидат откажани или одложени.

Patrouille de France е официјалната акро-група на француските Воздухопловни и вселенски сили, формирана во 1953 година. Групата брои девет врвни пилоти и редовно настапува на национални церемонии и меѓународни митинзи.

Авионот Алфа Џет, познат и под прекарот „Гаџет“, се користи во Франција од 1979 година за завршната фаза од обуката на воените пилоти. Иако оваа обука во 2020 година беше префрлена на швајцарскиот Pilatus PC-21, Patrouille de France и понатаму ги користи Алфа Џет за своите акробатски настапи.

Истражната постапка за причините на несреќата е во тек.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи се јави од Тајланд

29/04/2026
Македонија

Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги

29/04/2026
Македонија

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“

29/04/2026
Македонија

ПАДНА ДИЛЕР ВО АЕРОДРОМ: Во подрум криел марихуана, амфетамини и

29/04/2026
Македонија

Собранието пресече: Техничката влада заминува во историјата

29/04/2026
Македонија

За три месеци министерствата потрошиле над 400 милиони евра

29/04/2026
Македонија

Ослободен полицаецот од чиј пиштол беше ранета мигрантка – не

29/04/2026
Македонија

СИСТЕМОТ ГИ ДОТЕПУВА ЖРТВИТЕ: Над 600 деца сексуално злоупотребени, државата

29/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42966
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy